СЕКС! Со или без љубов?

Сексот без љубов и посветеност може да биде едно прилично несекојдневно искуство но многумина велат дека тоа е многу побогато искуство доколку е збогатено со љубов. Како и да е, врската помеѓу креветот и чувствата сеуште е многу силна во нашиот мозок. И во овој контекс можеби е добро да се преформулира прашањето: дали е љубовта посилна кога сексот е присутен?

pexels-photo-1623470Воглавном се смета дека сексот е попријатен ако постои и љубов. За да се испита оваа теорија група научници од Универзитетот во Бон, Германија се чини дека дошле до вистинскиот одговор. Хормонот окситоцин (кој делумно е одговорен за заљубувањето) се зголемува во нашите тела за време на секс, го подобрува односот, привлечноста меѓу паровите и ја зајакнува врската. „Воглавном податоците покажуваат дека окситоцинот го активира системот на задоволство и на тој начин ја одржува врската помеѓу љубовниците и ја наглсува моногамијата. Овој биолошки механизам во односот е многу сличен на некои дроги но окситоцинот не е единствениот хормон вклучен во љубовната посветеност и сексуалност. Оргазмот предизвикува зголемено излачување на три невро-трансмитери: окситоцин, серотонин и допамин, што би значело: поврзување, еутимија (подобрување на состојбата на умот) и задоволство“-објаснува сексологот Joserra Landarroitajauregi.

couple-love-bedroom-kissingМора да се нагласи дека сексот не е сведен само на пенетрација. Тоа би било голема грешка бидејќи задоволството и оргазмите, подеднакво кај мажите и жените, може да се постигне на различни начини и пенетрацијата е само еден од нив. Оралниот секс, мастурбацијата, анален секс, милување, бакнување и секој друг начин каде задоволството е постигнато, на некој начин е примена на секс. За „милениумските“ генерации повремен секс без постојан партнер е популарна практика што не доведува да се запрашаме дали тие го прават тоа само да ги истакнат сите сексуални односи кои ги одржуваат или бидејќи е забавно и пријатно.

Една студија од Универзитетот Camilo José Cela заклучува: „Младите луѓе преферираат да имаат секс по случаен избор одбегнувајќи ја одговорноста, како материјалната така и емоционалната од имањето на постојан романтичен партнер“. 87% од младите испитаници изјавиле дека имале секс со некого кој не бил нив романтичен и постојан партнер. Од истиот тој процент 77% одговориле дека го направиле тоа за „физичко задоволство“, а останатиот мал процент одговориле дека причините биле бидејќи „скоро секој тоа го прави“, „под притисок на околината“ или за „емотивно задоволство“. Изборот да се има секс без обврски може исто така да е зголемено поради изменетиот начин на договарање и воспоставување на врски. Во денешно време односот помеѓу една личност и „ноќ на секс“ може соврешено да се погоди. Основната намера е да се има само секс но една работа може да доведе до друго, повеќе отколку што се надевате со таа личност да заклучите дека имате и други аспекти на совпаѓање освен во кревет. Следува дека тоа е уште еден начин како луѓето без партнер уживаат во нивната сексуалност бидејќи многу често претпоставуваме дека оние што е сами и сингл немаат сексуални односи.

pexels-photopexels-photo (1)Интересно е да се видат резултатите од истражувањето што потврдува дека во 21 век „мажите се позаинтересирани да имаат повремен секс од жените“. Дали е ова како резултат на фактот што жените сеуште носат општествена стигма која наложува дека она што се очекува од нив е да ја прифатат улогата да бидат посакувани, а не страната што посакува? Така девојка, свесна за општествената казна која е наметната не покажува интерес да спие со некого повремено иако тоа го сака. Луѓето се сопственици на својата сексуалност и ако сакате да имате односи за експериментирање или едноставно за сексуално задоволство, секој има право да одлучи дали ќе навлезе во сексуален однос без обврски, причината зошто тоа го прави и слободата да ужива во тоа. Општествените предрасуди и стереотипи предизвикуваат голема штета и ја потиснуваат сексуалноста.

Денес имаме многу поголема слобода од нашите предци да го избереме нашиот начин на живот. Развојот на општеството не го гледа повеќе како лошо минувањето на една ноќ со некого. На секој од нас е да одлучиме дали сакаме да го споделиме нашиот сексуален живот со романтичен партнер или со различни луѓе. Сите опции се прифатливи и никогаш не е доцна да го испробаме спротивното.

Ана Фернандез Хернандез

 

https://www.elmundo.es/papel/lifestyle/2017/09/21/59c397f0ca47410b068b4617.html

Книга:  Pere Estupinyà  S=EX² La Ciencia del Sexo (Debolsillo, 2014)

https://elpais.com/elpais/2016/10/11/buenavida/1476184267_196925.html

http://iunives.com/iunives/promociones/2018-quinta-promocion-master-oficial/interes-y-satisfaccion-sexual-en-las-relaciones-eroticas-sin-pareja-romantica-y-estable/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close