Приказната на “Најсиромавиот богаташ“

Живко Поповски – Цветин, еден од најголемите македонски уметници и воедно хуманист,ја започнал својата мисија на мирот каде што уметноста ја издигнува на пиедестал со неговиот заштитен симбол – цвеќето. Дарувајќи ги своите слики на различни настани и личности, тој ја шири својата магија и своите безвременски цвеќиња на мирот.

Од каде потекнува идејата да сликате цвеќиња?

Па видете, цвеќиња сум цртал уште како дете за на мајка ми да ѝги подарам за 8-ми март како и сите деца. Дали е тоа дете во градинка или прваче-сите почнуваат да цртаат цвеќиња, а јас со оглед на тоа што потекнувам од с.Брезово, Демирхисарско,исполнето со ливади и шуми, сето тоа ме восхитило уште од најмала возраст.Имав и една мазга со која сум се шетал, па ѝ собирав цвеќиња кои ѝ ги давав во уста и така сум ги забележал тие мали ама убави работикои ми останале во сеќавање уште како мал.

SAV_4098

Колку години веќе ги подарувате вашите слики и колку ги имате насликано?

Јас од 70-та година почнав поинтензивно да се занимавам со оваа работа, најпрво со колажи и мозаици, а цвеќето ми беше и тогаш мотив, но од 1984 година кога го добив писмото од Мајка Тереза ме вовлече во овој хуманистички дел. Вкупно негде имам над 55 000 слики насликано во најразлични големини.

Што ве мотивираше да ја започнете оваа хуманитарна мисија?

Кога го добив писмото од Мајка Тереза, тоа ме мотивираше да јас тргнам во една таква хуманитарна мисија. Во писмото пишува: „Драги Живко, Ти благодарам за твоето љубезно писмо и прекрасната слика. Имаме наши сестри во Скопје и ако дојдеш до нив сигурна сум дека тие ќе ти покажат како да учествуваш во нашата мисија на љубовта… Бедните се секаде околу нас: осамените, несаканите. Биди љубезен и прави им добрина на оние блиску до тебе“. На почетокот, покрај на Мајка Терезаслики подарив и на Вили Брант, Долорес Ибарури, потоа на Индира Ганди исекогаш добивав повратни пораки така да овие охрабувачки писма што јас апсолутно не ги очекував, ме поттикнаа да го правам тоа што го сакам.

На коинастани и личности ги имате дарувано вашите извонредни цветни творби?

Имам подарувано на Џорџ Буш, Џон Мејџор, Хелмут Кол, Жак Ширак, Фатос Арапи, Блаже Конески, Тед Хјуз, Ежен Гилвик, Паоло Куељо, Реј Чарлс, Би Би Кинг, Ричард Гир, Клаудија Кардинале и многу други. Во 1985 година на Обединетите Нации им испратив 160 слики по повод денот наОбединетите Нации на 24 октомври и тогаш ја искористив приликата за да направам една изложба во градската библиотека „Браќа Миладиновци“и да ги испратам преку југословенската Лига за мир. Оттогаш започнаа моите цвеќиња да ги нарекуваат цвеќиња на мирот. Тие слики тогаш ги подарив со убава порака: „Цвеќето во човекот не го сака ветерот на војната, затоа јас не измислувам нови цветови, само ги пресликувам цветовите во луѓето што ги сакаат мирот и слободата“ и оттогаш започна и оваа мисија на мирот.

Дали имате некои омилени писма или песни кои ви ги имаат посветено токму вам, низ текот на вашиот живот?

Имам многу песни што ми се омилени. Првата ми е од Блаже Конески што ми ја подари и таа ме поттикна да одам секоја година на Струшките Вечери на поезијата и да подарувам по стотина слики, значи песната „Ружа“ ми е најомилена и таа секогаш ја рецитирам. Потоа имам една од Петре М. Андреевскикоја ми е исто омилена и тој вели: „Кај ја научи таа магија пријателу, да ги из’ртуваш сите сончогледи коишто ги знаеш ем не знаеш и да им го запираш растењето таму каде што ти сакаш“.

Дали има дело со кое најмногу се гордеете?

Може да се за моето најголемо дело што сум го направил во 2015 година. Таа слика ја започнав на Цветници, работев полни4 месеци, речиси секој ден по 8 метра од прилика, за на крај да биде со должина 1001 метар и ширина 22 цм. Ја започнав на 5-ти април се до 5-ти август, роденденот на мојата мајка, со што ја сврзав оваа цветна патека. Тоа ми е една убава симболика и порака затоа што истата година се навршуваа 1001 година од ослепувањето на Самоиловите војници.

SAV_4047

Како се чувствувавте кога бевте дел од кандидатите за Нобеловата награда за мир?

Мене ме повика еден режисер  од МНТ, за да ме праша дали сакам да ме кандидираат.Јас во почеток не можев ништо да му одговорам, зошто јас на такво нешто никогаш не сум ни помислил но кога размислив му се јавив да му потврдам. Од 205 кандитати во првата селекција, бев одбран во 30-те кандидати, а во тие 30, јас бев трет. На прво место беше Барак Обама, а на второ Никола Саркози, на 6-то место беше Бил Клинтон, на 30-то Џорџ Буш Џуниор, на 29-то Владимир Путин, на 28-мо Тони Блер. Така да јас сум горд затоа што во една таква номинација од толку луѓе, јас морално се чувствувам победник бидејќи имаше многу критики за Обама и Саркози.

Што би им препорачале на младите за да ја продолжат борбата за мир?

Мирот треба да почне од секој од нас, уште од најмладитегодини.Моите први слики кои ги дарувам на почетокот на секоја година, ги дарувам во гинеколошките болници. Децата треба од најрани години да го прифатат тој збор „мир“, бидејќи ако им влезе во меморија тие постојано ќе се потсетуваат на тоа, а токму цвеќето е еден многу убав симбол кој сум го избрал јас.

Ева Наумовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close