И тоа се случи!

По неколку неуспешни обиди македонската машка одбојкарска репрезентација се пласираше на Европско првенство. И тоа се случи. Покрај голем скептицизам и секако во месец доминиран од светското првенство во ракомент во Германија и Данска сепак македонските одбојкари успеа да се пласираат на првото за нив големо натпреварување. Ракометарите на друга страна и не поминаа толку добро на светското првенство.

WhatsApp Image 2019-01-31 at 10.32.48

Да се вратиме на она што е историско за македонската одбојка. Квалификациите и не се одвиваат баш како што одбојкарите или било кој друг во Македонија би посакал меѓутоа сепак беа со среќен крај. Загубија натпревари што однапред беа запишани како победи, се бореа на оние каде што се очекуваше да загубат, оваа група на одбојкари не се откажа. Се натпреваруваат заедно во квалификациите и Европската лига на која на два пати завршија како втори во последните неколку години и се познаваат добро. Беше симптоматично како сите заедно се бодреа и навиваа, во некој момент и повеќе од публиката. На денот Д, на денот кога успеаа да се квалификуваат за Европското првенство многу работи требаше да се поклопат. Најпрво требаше Шведска да победи во меч во кој беше фаворит, што и се случи и потоа Латвија да го победи Израел. Латвија немаше некој посебен мотив за игра бидејќи немаа никакви шанси за квалификација и до тој момент имаа освоено само еден сет во текот на квалификациите. Меѓутоа и тоа се случи, Латвија го победи Израел со 3 спрема 1 и во салата наеднаш се слушна големо одушевување и наплив на емоции и поддршка кон одбојкарите. Сега беше потребно „само“ да победат со 3-0 против Унгарија.  Дојде и тоа време и со многу срце и умешност успеа да победат и да се обезбедат настап на првенството.Потоа следуваше она што сите го чекавме, славјето! Со семејствата, роднините и пријателите на трибините почна да се споделува радоста која подоцна ја споделија со цела Македонија.

WhatsApp Image 2019-01-31 at 10.32.52

Овој дел сега е завршен. Пласманот е обезбеден на Европското првенство, она што сега следува е достојно, борбено, со срце претставување на Македонија. Во група која селекторот и дел од одбојкарите ја оценија како онаа во која со исклучок на една репрезентација, со сите други може да се игра и надигрува, не треба се спуштат очекувањата на само учество. Со играње, како што покажаа дека можат, македонската одбојкарска репрезентација може и мора да се задоволи со нешто повеќе од само учество.

Андреј Наумовски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: