Набљудувај, набљудувај, набљудувај

Долго време изработував работлници за цртање и боење со деца. Тоа беше прекрасно искуство и имам многу добри мемории кои ми помогнаа да научам повеќе за децата. Добро се сеќавам на една случка која се случи со децата за време на првиот час за цртање. Побарав да донесат со нив овошје за часот и скоро сите одбраа јаболко за часот.

photo-1541961017774-22349e4a1262

Во најголемиот број на случаи, децата јаболкото веднаш го нацртаа во форма на срце, со лист и гранка и го обоиа црвено, иако повеќето од јаболката беа зелени или жолти. Понекогаш додаваа црв кој излегуваше од јаболкото и се смееше, иако ниедно јаболко немаше црв. Исто така сакам да нагласам дека скоро сите јаболка имаа гранка, но ниедно од нив немаше лист. Некои од јаболката дури имаа и насмеано лице на нив. Можеби мислиме дека на овој начин децата ја изразуваа својата креативност, ги согледуваа работите на поразличен начин, но се работеше за сосема спротивна ситуација.

Кога ги прашав зошто го нацртале јаболкото на тој начин, нивниот одговор секогаш беше дека така ги научиле во училиште. Побарав од нив да го разгледаат убаво јаболкото, и реално да видат како изгледа; тие ми рекоа дека тоа не е начинот на кој што се учени. Морав да инсистирам да го набљудуваат внимателно јаболкото, да го видат пред да го нацртаат и да сфатат дека ,,нема формула за цртање на јаболка‘‘. Нема формува за цртање на ништо, се е процес на набљудување и внимателно пренесување на тоа што е разгледано. Кога согледавме што се случи со јаболката, јас донесов ананас. Децата не ни пробаа да нацртаат нешто, затоа што ми кажаа дека ,,во училиште не ги учат да цртаат ананас‘‘. Повторно морав да инсистирам да го искористат методот како кога цртавме јаболка, тој метод ќе им овозможи да нацртаат што сакаат: луѓе, пејсажи или други овошја.

Кога имав друга прилика, побарав од нив да си ја нацртаат својата куќа. Мојата идеа беше да видам дали тие се набљудувачи кога се работи за предмети кои ги имаат во своето секојдневие. Повеќето од нив нацртаа куќа на два спрата со покрив во европски стил, кој обично не се наоѓа на Американскиот континент и скоро не постои во Мексико. Ниедно од овие деца не живее во таква куќа, со таков покрив, повеќето од нив живеат во станови. Меѓутоа на училиште ги имаат научено дека така се црта куќа. Пробавме и други различни начини на цртање и секогаш се случуваше истото: цртаа цвеќиња како што биле научени во училиште, зима со снег иако никогаш немаа видено снег, плави облаци и бело небо, се ова затоа што на училиште биле научени дека тоа е најбрзиот начин. Кога ќе ги прашав за слободен цртеж се појавуваше фигурата на сунѓерот Боб. Мојот одговор на нивните цртежи секогаш беше ,,Набљудувај, набљудувај, набљудувај‘‘.

photo-1484589065579-248aad0d8b13

Многу е чудно како поголемиот дел од сегашниот едукационен систем не учи преку претходно дефинирани формули, кои мораме да ги запамтиме како рецепти и на тој начин ќе успееме во се кон кое што целиме, само доколку ја запамтиме формулата. Интуицијата, интернализацијата и сите други вештини кои ги добиваме преку набљудување, не се важни за овие системи. Растеме во заштитен балон каде што работите, луѓето и ситуациите се само проблеми кои можеме да ги решиме преку формула. Ги дехуманизираме луѓето, се изолираме и на крајот не успеваме да го разбереме животот, градејќи едно празно гнездо искреирано од незадоволството кое што расте се повеќе и повеќе, кога ќе сфатиме дека фрустрациите во животот не можеме да ги решиме преку едноставна формула. Иако мислиме дека сме требале да згрешиме во некоја точка од целиот процес.

photo-1515405295579-ba7b45403062

Набљудувањето не е важно само за цртањето, тоа ни помага да уживаме во животот и во луѓето, ни помага да ги решиме нашите мали дневни проблеми; како и големите и важни проблеми. Одете во прошетка; истражувајте ги животните, луѓето, зградите, пејзажите. Излетајте од животот за еден момент и станете набљудувач на светот, пред повторно да се вратите во него (бидејќи нема поента да се биде само набљудувач, мораме да го примениме тоа што ќе го научиме преку набљудување, и додека го применуваме, да продолжиме да набљудуваме). Дали имаш проблем кој мислиш дека е страшен? Даали живееш во ситуација која те задушува? Дали ја имаш изгубено желбата да направиш нешто? Дали имаш проблем да сфатиш некоја личност или да ги сфатиш луѓето во глобала? Дај си време, да набљудуваш, да дишеш, заборави го проблемот на кратко и приближи се до него како набљудувач, размисли како другите гледаат на него, размисли за сериозноста на темата кога ќе ја споредиш со огромниот пејзаж на универзумот; и тогаш соочи се со него, или само заборави го ако си сфатил дека не е доволно важен. Потоа живеј! Биди среќен! Учи од твоите грешки и од твоите триумфи. Дај си себеси уште една шанса, па уште една, па уште една.

На крајот од овие работилници достигнавме прекрасни работи со децата, можеби не сите они ќе станат уметници, некои можеби никогаш повеќе нема ништо да нацртаат, но јас сум сигурна дека ќе набљудуваат повеќе, ќе ги набљудуваат луѓето и ситуациите, компликациите и веселбата која им ја дава животот. Никогаш не заборавајте да набљудувате!

Сантиаго Белмонте Цалдерон

преведувачка: Маја Колеска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close