Добредојде Саша, нашиот нов волонтер од Германија!

Моето име е Саша (не Александар! Да, Саша е навистина германско име) но моите пријатели ме викаа “Снорpе”, јас сум од Магдебург/Германија.

После скоро 10 години од волонтерска работа во полето на неформалното образование на млади и објаснување на децата од училиште колку корисно и прекрасно е искуството од долгорочна мобилност, конечно стигнав и јас да направам едно такво искуство (крајно време беше бидејќи имам 29 години).

Јас сум многу прилагодлива и отворена личност која е секогаш спремна за учење нови работи и запознавање нови луѓе, култури и јазици. Благодарение на мојата страст за патување навлегов се подлабоко во интернационалните проекти изминативе години и сретнав многу прекрасни и инспиративни луѓе. Уште од 2016 година патував по балканските земји неколку пати и секогаш бев во фасцинантни средини. Така и беше кога првпат го посетив Скопје во 2017 година и кога заминував едноставно знаев дека ова нема да биде последен пат во овој чудесен град. Па така еве сум, пак!

Иако сме сите толку различни и единствени (луѓето од Земјата) сепак имаме и многу заеднички работи па наместо да се делиме меѓусебно по национални или религиозни основи подобро би било да размислиме што би направиле ако работиме заедно или како би можеле да живееме во овој свет мирољубиво. Мислам дека секој од нас може (и треба) да го даде својот допринос за создавање на подобро општество. Затоа и сум многу среќен што ми е овозможено да го споделам моето знаење, гледишта, идеи и позитивни согледувања на овој проект и да започнам нов процес на заедничко учење.

И не заборавајте: секогаш забавувајте се-постојано!

Саша Шлуетер

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close