Вештерка, овој збор не звучи пријатно. Тој нè потсетува на грда стара жена, со крив нос имрсна црна долга коса, што гори на клада. Сега ајде да ја напуштиме нашата имагинација и да се вратиме во реалноста. “Вештерка” била често дефинирана како жена која се занимавала со хербални лекови (фитотерапија) – третман на болести со природни растителни материјали или хербални подготовки спремени од нив (дефиниција од Речникот на Полскиот јазик).
И покрај фактот дека билките се користеле уште во времето на примитивните луѓе и знаењето за нивните лековити и отровни својства се пренесувале од генерации на генерации, многумина сѐ уште мислат дека тоа е “црна магија”. Често лековите кои се користат во фармакологијата се базираат на билки. Модерните научници отворено зборуваат за ефективноста на билките и поттикнуваат поддршка на организмот со природни состојки. Најдобри резултати може да се добијат со редовни третмани. Сепак, не заборавајте да се консултирате со специјалист и доктор, бидејќи неправилно избраните билки можат да предизвикаат голема штета. Со правилен избор и регуларност, тие можат да прават “чуда”! Лично, знам човек, кој се подготвуваше за операција за бубрежни камења, му реков, “Еј, имам добра мешавина од билки за тоа, пиј ја толку често како животот да ти зависи од неа”. По околу една недела, ми се јави од болница ими рече дека операцијата била откажана бидејќи камењата исчезнале. Искрено, бев изненадена бидејќи само што ја започнав мојата авантура со алтернативна медицина; оваа ситуација ме мотивираше подлабоко да ја проучам темата.
Билките се користат соодветно во секоја област на медицината, од воспаленија на кожата, мигрена, па дури и во третманот на депресија. Тоа е болест од која страдаат сèповеќе луѓе;нејзиниот третман треба да се избере поединечно за пациентот. Ако болеста не е толку развиена да треба да користите фармаколошки третман, покрај психотерапијата, правилна исхрана и здравиот начин на живот, можете да користите и природни лекови. Тие се поделени според симптомите на депресија и се разликуваат според специфичностите кои го подобруваат расположението; ја смируваат и намалуваат анксиозноста; и оние за несоница. Тие се достапни во слободна форма, чај и таблети. Некои од нив дејствуваат со други супстанции, па уште еднаш треба да се нагласи колку е важно да се консултирате со лекар. Природната медицина не е само билки; да се сетиме на општите принципи на здрава исхрана. Многу зеленчук и овошје, малку шеќер и производи кои не содржат конзерванси. Денес органските производи стануваат сè попопуларни и достапни по пристапни цени. Кога купувате во продавница, обрнете внимание на етикетата на производот. Не изгледа премногу пријателски? Веројатно во близина е поздрава замена. Сè што треба направите е да одвоите време да се запознаете со основите, и по некое време тоа ќе стане навика. Запомнете, вие сте она што го јадете, па затоа од вас зависи што ќе бидете!
Дорота Личак
Преведувачка: Елена Најдова
Извори:
https://parenting.pl/ziola-na-depresje
https://wylecz.to/leki-i-suplementy/ziola-na-depresje-jak-wybrac-najlepsze/
Leave a Reply