Иако сум во Македонија и многу ми се допаѓа, јас сепак сум од Полска, па затоа сакав да напишам нешто што спојува повеќе нации и во исто време го потхранува нивното ривалство. Спорт. Било каков спорт. Но затоа што следи Полско – Македонската битка во Европските квалификации, сега се работи за фудбал.
Отсекогаш сум сакала спорт. Уште од моето детство следев спортови како скокање со скии, со тоа што покасно станав лудо заљубена во одбојка. Секоја година додавав различни спортови на мојата персонална листа за спортови кои мора да ги следам. Ракомет, тенис, лизгање на мраз, скијање… Понекогаш знаев да го уклучам телевизорот и во исто време да ги приклучам и моите два компјутери, за да можам да гледам спорт и да играм игри во исто време бидејќи не сакав ништо да пропуштам. Многу е чудно тоа што откако дојдов во Македонија почнав да следам хокеј на мраз! Никогаш не следев многу фудбал, се додека еден многу голем настан не се одржа во мојата држава.
Летото во 2012 година Европското првенство во фудбал се одржуваше во Полска и Украина. Се сеќавам како прво го гледав натпреварот Полска против Грција. Седев пред мојот телевизор, и се чуствував доста индиферентно, бидејќи до тогаш нашиот тим не се сметаше за јак тим, притоа немав големи очекувања. Исто така не очекував дека од овој ден натаму ќе станам голем љубител на фудбалот. Од моментот кога Роберт Левандовски даде гол, започна лудилото. Тоа беше прекрасен почеток на натпреварот за нас. Секако, понатаму имавме многу неуспеси, не успеавме да влеземе ни во фазата на групи. Но од тогаш љубовта за фудбалот почна да расте во моето срце.
Од таа година почнав да ги гледам убавите и лошите моменти на мојот тим, подржувајќи ги и во добро и во лошо. Почнав да имам фаворити во тимот. Се запознав со премиерната лига, и се запознав со сите фантастични приказни за Манчестер Јунајтед и за Ливерпул. Се заљубив во Шпанскиот национален тим. Го следев Бразилскиот национален тим заедно со бразилскиот народ и станав вистинска „canarinha”. Почнав да се шегувам со Шпанците, кои беа фанови на Реал Мадрид или на Барселона, така што јас навивав за Атлетико Мадрид.
Многу поразлично се доживува спортот кога го следиш во живо. Се наоѓаш таму на стадионот или арената и одеднаш се што си го гледал на екран е пред твоите очи. Поради некоја причина отсекогаш сум била голем фан на Бугарскиот одбојкарски тим и обожавам да ги гледам средбите помеѓу Полска и Бугарија. Еден мој сон беше да ги гледам во живо. Тој сон конечно се оствари последното лето кога бев во Варна за Светското првенство со Италија како втор организатор. Го поминав моето лето во Бугарија и пред тоа, за моја среќа, Полска се најде во истата група како Бугарија. Отидов таму со моите Бугарски пријатели, па имавме интересни конфронтации помеѓу пријатели. Мојот тим победи и се што можевме да направиме после таков натпревар е да одиме да јадеме баничка и да пиеме ајран, затоа што јас славев, додека тие не баш толку како мене, но сепак ја прифатија супериорноста на мојот тим и беа среќни за мене и за искуството кое заедно го споделивме.
Една година покасно јас сум тука во Македонија и го исчекувам натпреварот помеѓу Македонскиот и Полскиот национален фудбалски тим. Ова извлекување беше многу среќно за мене. Ја гледав церемонијата на бирање тимови пред да дојдам во Македонија и одеднаш двата тима се најдоа во истата група. Тогаш си помислив како ова ќе биде добра можност да го гледам натпреварот затоа што наскоро ќе одам во Македонија. Покрај тоа, иако следам фудбал многу долго време, досега не сум гледал натпревар на интернационално ниво во живо. Пред два месеци ја имав таа можност. Отидовме на националниот стадион во Скопје да го гледаме натпреварот Македонија против Латвија за Европскиот квалификации во фудбал 2020. Иако не беше полн стадионот, атмосферата беше прекрасна. Си го пронајдов скриениот македонец во мене, почнав да пеам ,,Слушам кај шумат шумите‘‘ за време на паузата, навивав за Македонците како луд и на крај ја славев ,,нашата‘‘ победа. Овој натпревар не беше на високо ниво, на некои моменти дури беше и досаден. Но како искуство, за оваа атмосфера, сепак се исплатеше тоа што отидов заедно со моите пријатели.
Уште само неколку дена, мојот Полски тим, посилен дури и од Европските натпревари 2012, доаѓа тука во Скопје. Никогаш не сум го гледала мојот тим како игра во живо. И не се сеќавам на натпревари кои сме ги играле против Македонија. Последниот натпревар Полска – Македонија беше во зимата 2012 откако Европското првенство беше толку тешко за нас, како пријателски натпревар. Натпреварот заврши 4:1 за Полскиот тим и единствениот играч од тој натпревар кој ќе игра и сега е Милик Аркадиус.
Нашиот тим се има многу променети во последните неколку години. Полските играчи уште пред да играат за Полскиот тим се гледаа како ѕвезди, но сепак не можевме да составиме силен тим. Постојано имавме промена на тренери и тогаш се појави господин Навалка кој ги спои сите ѕвезди и конечно направи силен тим. Иако не успеавме за последното светско првенство во квалификациониот дел, сепак цело тоа искуство беше прекрасно за нас. Претходно имавме добро бодување за време на Европско првенство 2016, така што бевме победени само преку пенали во четврт финалето од Португалија, кои станаа таа година Европските шампиони. Натпреварот кој нема никогаш да го забораавам е тој кој го игравме против Германија во квалификациите за Европско првенство 2016. Беше 11ти Октомври 2014, Варшава кога игравме против силниот Германски тим и тогаш светски шампион. После толку фудбалски битки на кои сме се бореле и сме изгубиле – за прв пат во историјата, успеавме да победиме. Не му значеше тоа многу на светот, но за Полските љубители на фудбал тој ден беше легендарен.
Сега, пред уште еден квалификационен натпревар, овој пат против Македонија, можеме да најдеме повеќе артикли и статистики во медиумите. Полскиот тим е сеуште повреден после огромната загуба во последното светско првенство. Меѓутоа, нашите играчи стануваат од колена и се успешни во клубовите во кои што играат. Фокусот е претежно на фантастично три напаѓачи. За сите од нив, сезоната од клубовите е завршени. Роберт Левандовски победи на Бундеслихата со Баер Минхен и потворно беше прогласен за најдобар играч, со 40 гола во целата сезона, во Гермнаската Бундеслига и во лигата на шампиони. Милик Аркадиус успеа да даде 20 гола за фудбалскиот клуб Наполи со што стана втор во А серијата. Последен, но не помалку важен е Кристоф Пиатек – кој е нов во клубот оваа година, но ги воодушеви фановите на фудбалскиот клуб Милан. Новодојден кај џиновите на Италијанската лига, тој успеа брзо да го добие надимакот „Il Pistolero” така што успеа да даде 30 гола во 42 натпревари, со што стана трет на листата на најдобри напаѓачи, токму пред Кристијано Роналдо.
Броевите изгледаат многу импресивно, но не се броевите тие кои ја играат играта. Полска треба да направи силен тим за да се соочи не само со Македонскиот тим, туку и со навивачите. Јас ќе бидам капка во морето од прекрасна Македонска публика, но силно ќе навивам за мојот тим. Очекувам прекрасна игра која ќе го исполни срцето на еден огромен навивач.
Ewelina Chańska
Leave a Reply