Посакајте ѝ добредојде на Јохана, нов волонтер од Финска!

Дозволете ми да се претставам, моето име е Јохана и јас сум најновиот фински член на волонтерскиот тим во ВЦС. Ние Финците полека го преземаме ВЦС, бидејќи четворица од нас се веќе тука!

Откако работев на обука за Еразмус+ во мај, бев запознаена со програмите ЕВС и ЕСС. Ми беше презентирана одлична можност да волонтирам еден месец во Македонија и веднаш ја зграпчив шансата.

Страсна сум за волонтирањето, па такаимам одржувано работилници поврзани со уметност и јазици четири години. Суштината на волонтерството, според мене, е човечка интеракција и средби со различни лица. Учењето за различни култури и начини на живот го проширува вашиот ментален хоризонт и ви дава можност да создадете потолерантен свет уште во неговиот корен.

Ја сакам уметноста и сликам и цртам уште од мала. Јас сум малку бубалица во срце и сакам да го поминувам времето читајќи научната литература и играјќи социјални игри со моите пријатели. Геокеширањето е исто така мое интересно хоби. Тоа е реален лов за богатство преку GPS, каде што барате тајни кутии и се потпишувате во дневник. Постојат некои геокаши во Скопје и со нетрпение очекувам да најдам некои овде.

Откако еден ден сум во Македонија, веќе се заљубив во оваа прекрасна земја со нејзините пријателски жители и најдов пријатели од прекрасниот тим на волонтери во ВЦС. Јас сум возбудена за искуствата што следните пет седмици тука ќе ги донесат!

                                                                                                              Johanna Wahlberg

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: