Новинарство, храна и музика

Размислувам гласно, кој елемент може да ги обедини западно европските држави и нашиот Балкан? Кој е заедничкиот елемент кој го одржува во живот човековото битие создадено од природата? Сите луѓе имаат потреби и цело време пренесуваат некоја информација за заедницата во која што живеаат, државата и општеството во глобала. Во ред, значи една нишка која е заедничка за секое човеково битие е новинарството, заклучувам.

Продолжувам да патувам низ мислите и во суштина налетав на една уште поесенцијална заедничка нишка на човекот, храната. Човекот за да може да опстојува, твори и придонесува за општеството мора да се храни и да ги задоволи основните биолошки потреби. Аха, значи храната е тоа што не поврзува. Во ред, ова е втора нишка.

french 1

Што прават луѓето додека јадат? Во различни култури имаат различни навики но на пример на Балканот во речиси секој ресторан покрај хранта има и добра музика. Европејците имаат речиси иста таква навика. Ете го и третиот „аха“ момент. Музиката е нашата трета заедничка нишка.

Проектот “Convergence Balkan” во суштина беше проект кој преку храната музиката и новинарството ги отвори портите на Европската унија кон Балканот. Истиот ги обедини нашата држава, Грција и Франција. Вкупно 43 луѓе заедно живеаа, готвеаа и свиреа 7 дена во Скопје, од 7 до 14 мај.

Учесниците на проектот сподели ја знаења и вештини во различните кујни, музика и направи ја интервјуа со различни институции во земјата. Учесниците на проектот продоложи ја да се дружат во Дижон, Франција.

Како директен учесник во целата организација на проектот сега можам да кажам, ох конечно заврши. Воопшто не е лесно да соработувате со партнери кои прв пат ги сретнувате, но целиот замор исчезна во моменот кога ја видов задоволната насмевка на лицата на моите учесници на проектот.

Вафире Мухареми

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: