Новата Еразмус генерација од Барцелона

Овој Јуни Волонтерскиот Центар Скопје ја дочека третата генерација од практиканти од Барселона, Шпанија во рамките на ВЕТ програмата (Стручно образование и обука) од Еразмус Плус. Нашите партнери, здружението Мундус ни испратија пет практиканти на хостирање да работат во мултикултурна средина, да ги прошират своите знаења и искуства на полето на нивното стручно образование.

Им рековме Здраво и добредојде на Хесус, Јесика, Шенија, Луис и Адријан, пет млади дечки од Браселона, мотивирани да истражат нови места и култури но исто така да научат нови методи и пристапи поврзани со нивното идно работно ангажирање. Придружени од нивниот наставник Даниел во првата недела заедно со нашите координатори, ги поставивме основите на нивниот престој тука кај нас, да се чувствуваат безбедно и удобно за време на нивната едномесечна мобилност. И се разбира, организирана тура наоколу да ја запознаат новата околина пред да ги запознаеме со компаниите каде што ќе се одвива нивната практична работа.

All-focus

Адријан, Шенија и Јесика се во областа на Админитративниот менаџмент, Луис е нашето ИТ момче, а Хесус е студент на Маркетинг и Комерцијални активности. Еве што велат за Скопје:

Хесус: Скопје е добро место да се запознаат различни култури, со сите тие пабови и ресторани што нудат работи за одлична цена, едноставно за движење низ него и луѓето те разбираат без разлика колку знаете англиски. Има толку многу места да се посетат и доживеат.

Шенија: Првите впечатоци за Скопје не беа баш најдобри бидејќи поминавме низ градот ноќе но по неколку денови престој овде видов многу работи што треба да се доживеат и нема да се заборават никогаш!

Адријан: Досега се е супер за време на мојот престој овде.  Навистина уживам во прошетките низ Центарот и во градските паркови. Мислам дека Македонците се интересни луѓе и знаат како да уживаат во животот. И овде можам да правам се што правев и дома во Шпанија.

Луис кој ељубител на фотографија внимателно го документира сето она што е ново и што неговите очи можат да го забележат. За него Скопје е полн со спротивности што се однесува до културата, религијата, обичаите и убавината, град каде може да најдете одлична храна, запознаете нови луѓе и научите нови вештини.

Јесика е тивка, интровертна и креативна личност која очекува да научи нови работи и да ги добие сите потребни информации. Таа студира стручно образование и обука од областа на администартивниот менаџмент. „Навистина сум возбудена да научам различни концепти и апликации што се дури и посложени во реалноста но тоа нема да биде проблем за мене бидејќи имам добра меморија и учам брзо“.

All-focus

И бидејќи за повеќето од овие млади луѓе ова е прво искуство надвор од нивната земја, ќе направиме се, како и обично да им обезбедиме незаборавен и пријатен престој и работа во нашата организација, да се соочат со самите себе и да ги зајакнат своите клучни вештини, да ја искусат Еразмус културата од прва рака. Сите тие се личности ориентирани кон својата иднина и желни да научат, со одлични социјални вештини и комуникација што ни дава допонителен предизвик да им удоволиме на нивните барања.

Шенија: Секогаш сакам да научам нешто ново во секое поле, да живеам и контактирам со нови луѓе, да створам подобри професионални прилики и не очекувам ништо помалку од ова патување.

Јесика: Се сметам себе си за независна и прилично креативна личност па затоа се чувствувам одговорна да го направам овој голем исчекор што ми нуди можност за ново искуство и да станам еден ден личност која ќе биде запаметена по својата работа.

Адријан: сакам да научам нови методи, различни култури и животни стилови, да го збогатам своето искуство и вештини, да се подобрам како личност со подобра визија на иднината, да контактирам со луѓе со возвишени вредности и допринесам Светот да биде подобро место за живеење.

Луис: Уште од најмлада возраст секогаш сум бил заинтересиран за животната средина и учам за методи да се запре глобалното делување што го предизвикуваме за време на нашите животи. Секогаш сум сакал да патувам, да остварам близок контакт со други култури и најдобрите искуства што можат да ми ги понудат.

Хесус: Здраво, јас сум Хесус Хинер и сакам да го соберам целото можно искуство што овде може да се добиеза да се припремам за иднината. Ви благодарам за оваа единствена можност!

Па, драги студенти, добредојдовте во големото Еразмус семејство. Среќни сме што сте тука!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close