Добрeдојде на Јасин – нашиот нов волонтер од Белгија!

Мојата прва волонтерска работа во странска земја!

Поздрав, моето име е Јасин Клаес.

Јас имам 20 години и живеам во Хереналтс, што е лоцирано во провинцијата Антверп во Белгија. Моето слободно време јас сакам да го поминувам спортувајќи и учејќи. Исто така, јас сакам да гледам филмови и да дебатирам на форуми со луѓе од целиот свет за да ги подобрам моите вештини за јазични вештини. Како студент, јас имам слободно време од 2 месеци во текот на летниот распуст коишто сакам да ги поминувам продуктивно, помагајќи им на другите како волонтер. Мојата волонтерска организација севика “AFS Vlaanderen”. Јас ќе бидам во Македонија три недели и ние ќе го поминеме нашето време вака:

Првата недела ние ќе работиме во канцеларија, ќе пишуваме и објавуваме статии на веб страната на ВЦС. За време на нашата втора недела ќе работиме со деца со посебни потреби и ќе се погрижиме тие да си поминат многу убаво. Третата недела ќе работиме со деца од Ромската заедница. Јас навистина не знам што да очекувам од тоа, но секако сум многу возбуден да започнам.

Покрај работата, исто така испланирав и многу други активности. Ќе посетувам музеи, стари историски згради, стариот град, ќе ја посетам зоолошката градина, природата, планините и Охрид. Во основа, мојата цел е да ги исполнам моите денови со активности и да имам прекрасни три недели коишто ќе ми помогнат да преживеам уште една тешка година на училиште.

Yassine Claes

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close