Добрeдојде на Јелика – нашиот нов волонтер од Белгија!

Мојата прва волонтерска работа во странска земја!

Хеј, моето име е Јелиkа, јас сум од Белгија и имам 19 години и ќе го прославам мојот роденден во Македонија. P.S. Со чоколадо секогаш можете да ме усреќите!

Јас сум многу хаотична личност, но за среќа хаотичните луќе се често поврзани со креативноста. Јас сум студент, моментално во тренинг за интеркултурен работник. Што значи интеркултурен работник? Јас сум моментално на пракса на позиција која нуди интензивни работилници (работни групи) на луѓе коишто зборуваат странски јазик, притоа нивен главен фокус е на тандемско работење на лекциите. Јас исто така подучувам деца на разни спортови по факултетските часови. Покрај тоа, вклучена сум и во давање часови за одење на повозрасни лица преку мојата пракса во “Buurtsport Mechelen”. Овие активности ми имаат помогнато да станам одличен ментор и организатор.

Во моето слободно време јас сакам да тренирам гимнастика, како и да давам часови за деца во оваа дисциплина. Јас многу се радувам на волонтерската позиција којашто ќе биде проширување на овие студии, вештини и животни искуства, така што оваа работа ја гледам како можност за надоградба на веќестекнатите вештини, како и можност да им помогнам на децата и возрасните да имаат посветло денес и утре. Помагајќи им на луѓето на овој начин ги прави и моите денови многу поубави. Се надевам дека ќе бидам вреден допринос и соработувач на оваа прекрасна организација.

Поздрав, Jellica.

 

 

 

 

 

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: