На Фински начин

Откако многу пати ни беа одбиени апликациите за волонтирање, стаса потврден одговор. Нашата апликација беше одобрена од далечната, непозната Финска. Во секавања од деновите во Финска најзапаметени ќе ни останат сауните и комарците.

photo-1536420124982-bd9d18fc47ed

После долги саатови поминати по аеродромските клупи и седишта стигнавме во малечкото место Лоима. Врнежливо нѐ пречека Финска. Училиштето кадешто бевме сместани беше празно. Бевме првите престигнати волонтери  По неколку часа трепезариската маса се пополнуваше со едно место плус, за на крај да бидеме 14 млади спремни за волонтерски предизвици во Финска. Наредниот ден добивме листа на активности кои ќе ги извршуваме за време на нашиот проект. Иако се беше табеларно означено и напишено сѐ уште не ни беше јасно што точно ќе ни бидат задолженијата. Искрено, не сакавме да имаме многу замисли што да очекуваме. Деновите почнаа брзо да минуваат, многу побрзо од што очекувавме. Деновите ни почнуваа со доручек, подготвен од нас, волонтерите, а продолжуваше секогаш различно.  Одевме во музеи, одевме по паркови и шуми, но и работевме. Бевме дел од пазар за стари работи и помагавме околу организацијата во склоп на музејот за агрикултура. Научивме како со помош на музика и шеги шест часовното бојдисувавње на греди за новиот летен театар може да биде вистинска колоритна игра. После секој ден поминат во некоја активност, следуваше фински начин на одмор. Вистинско уживање на топлите греди во финските сауни и брзи, ладни скокови во езерските води. Вистинско адреналинско уживање. Всушност финците се чуден народ.

viber_image_2019-06-16_11-30-07

Една од нашите активности беше да помогнеме во чистење на едно мало езерце. Интересно беше што немаше што да се чисти, се беше беспрекорно чисто и освен неколку пикавци немаше ништо…толку спротивно од кај нас. Деновите трајаа многу повеќе од што може да очеувате  всушност нкогаш не видовме ноќна темница. Не постои ноќ во месец мај во Финска. Поради навидум долгите денови имавме уште повеќе време за одлични меѓусебни дружби. Бевме различни, но тоа беше поинтересно. Сите сакавме да видиме, да пробаме нешто ново, поразлично.
Така што воопшто не ни сметаше да ги пробаме лутите лепчиња на момчето од Авганистан, ниту пак се мислевме каков вкус ќе има традиционалната пита од Латвија. Различни вкусови, различни зачини, мириси беа секојдневние во овие шеснаесет дена. Секој ден, јадењето почнуваше со Финска салата. Беше толку поразлична, овошно- зеленчуков микс без грам сол, оцет или пак зејтин. Но научивме и многу повеќе фински зборови од што очеувавме. Баш како Финска и финскиот јазик е нешто најразлично што го имавме слушнето. Kuka sinä olet? Беше главно прашање, кое мора да се знае  Се разбира преводот беше, кој си ти? Имавме само два часа по фински јазик а всушност научивме многу. Вториот час бевме гости во училиштето каде што има мигранти од различни делови на светот. Луѓето одлично се потрудија да нѐ научат брз, ефективен фински  Да не заборавиме да кажеме дека бевме и во основно училиште каде што игравме фудбал во гумени топки. Беше неверојатно непредвидливо да трчаш по тревата и само со еден брз допир од соиграчите да се превртеш и да почувстуваш некое непознато кружно превртување испомешано со многу смеа.

Последните денови ги заокруживме со волонтрање на Loimaa City Festival. Единствено нешто што разбравме од изведувачите беше уksi, kaksi, kоlme (еден, два, три) и претпоставуваме дека треба да кренаме раце, скокаме  Беше одлично да играш во ритамот на музика што не ја разбираш и во околина кадешто никој не те знае.

За крај сакаме да кажеме едно големо благодариме на Финска, на сите членови кои беа дел од проектот, на организаторите и на среќата што бевме одобрени за овој проект. Ви благодариме на фински начин, Kiitos!

Анита Василева
Ташули Талески
Фотограф: Анита Василева

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: