Хеј!
Моето име е Пенти Хаукипуро и јас сум од Финска, Северна Остроботнија во Хaпавеси. Во моето детство живеев на село кадешто природата ми стана многу блиска. На крајот, тоаделуваше на мене дапостојано и премногу уживам во шетањето низ водните и шумските патишта и навистина сакам да го поминувам времето пешачејќи најмногу што можам.
Исто така многу се имам поминатово истражување низ шумите, но сега не би сакал да ја раскажувам целата приказна. Сепак, јас сеуште си го сакам градот и имам поминато неколку години живеејќи во Оулу,а сум живеено и спогодбено со други и во Шведска и јужна Финска.
Имам дипломирано како мултимедија логистика, отприлика пред осум години. После тоа учев за техникиза медиумите и малку новинарство на универзитетот за применета наука „Open University“, Имам и работено на брод, воглавном работа што вклучува одржување на трупотна бродот, палубите и надградбата, како и прицврстување и ракување со товар. Меѓутоа набргу ќе дипломирам и ќе работам како набљудувач на палубите. Ми се допаѓа работењето на брод, иако медиумскатаиндустрија се повеќе станува интересна за мене и мојата иднина.
Сакам да патувам и отсекогаш сум бил заинтересиран да се вклучам во некоја волонтерска работа, некогаш во животот. За среќа, преку Алијансата, најдов можност да се вклучам во проект: ВЦС каде се изработуваVOICES магазинот, па така ја искористив можноста што ми се нудеше.
Претходно имам работено на Erasmus кампови во Романија и Турција. Во Романија тема беа руралните можности, како да се развијат селата, воедно и зачувување на нивната уникатност. Во Турција, првиот камп беше за правење анимации, додека вториот за рециклирање.
Дојдов тука во Македонија пред неколку дена, со лет од Турку. Засега уживам во моето време поминато тука и луѓето се навистина пријателски настроени и со широки погледи. Ако некој некогаш се прашува дали би вредело да се волонтира во некаде во светот, јас дефинитивно би рекла да; ако имате време, тогаш можете само да му додадете значење на вашето патување.
Срдечен поздрав!
Пенти Хаукипуро
Leave a Reply