Преку граници и континенти: Љубов и пријателство на далечина

Луѓето се честопати љубопитни за тоа како функционираат меѓународните или меѓукултурните или трансконтиненталните врски, но се прашуваат какво е нивното секојдневие. Навистина може да се каже дека е тешко да се замислите себеси во врска на далечина, ако никогаш не сте биле во слична врска, али ако живеете во место каде што нема многу простор или можности за стекнување познанства со луѓе од странство. Од друга страна, исто така е точно, дека тоа не е толкав голем проблем, каков што првично може да ви се чини. Како е тоа можно?

naassom-azevedo-Q_Sei-TqSlc-unsplash

Па вака, едно пријателство или врска вклучува поединци кои имаат свои стравови, испади, страсти, потреби и ограничувања. Луѓето често се компатибилни во некои погледи на животот и карактерот, но и некомпатибилни во други погледи. Поединците, исто така не секогаш се репрезентативни за културата и позадината од која доаѓаат. Накратко, разликите во јазикот, однесувањето, навиките, ставовите и мислите дефинитивно се дел од врската, но тие не ја дефинираат истата.Тие не се сè што врската ни нуди. Всушност не се истите тие разлики исто така присутни во врска меѓу двајца од истата земја, но различни од региони или од различни општествени класи или старосни групи?

Според моето гледиште и лично искуство, врските на далечина имаат свои особености. Комуникацијата, која е клучен фактор за секоја успешна врска, бара свое подобрување.Силно сме свесни за фактот декасè што е очигледно и разбирливо за мене, не е подеднаквоочигледно и разбирливо за другиот. Знаците, гестовите на телото или зборовите што ги користиме можеби го немаат истото значење за другата личност. Тие може да бидат примени или протолкувани поинаку од она што било наменето, бидејќи ние не сме навикнати да ги гледаме во поинакво светло. Затоа е клучно да правиме напори да бидеме едни со други што е можно повеќе јасни и разбирливи во комуникацијата. Кога е потребно да го опишеме значењето или намерата или хумористичната содржина. Освен тоа, клучот е да останеме отворени, спремни внимателно да го слушаме другиот, да не судиме, да не се навредуваме или да се чувствуваме повредено премногу лесноод нивните постапки или искази – зашто што можеби и не го означуваат токму она што прво ќе го помислиме. Комуникацијата и искреноста е од суштинско значење за да се зацврстат транскултурните односи, особено во првите неколку години.

omar-lopez-auEe5lKHZCw-unsplash

Друга точка што заслужува да се спомене е и фактот дека ваквите врски нè збогатуваат како личности. Сè станува тема за разговор и предмет на интерес: од најосновните до најважните работи во животот (кои всушност често се совпаѓаат) … Јадењето, пиењето, љубовта, сонцето и месечината, училиштето и работата … Бидејќи ние не ги споделуваме истите искуства, откриваме нешто ново практично во секој момент кога сме заедно. Ние стнауваме свесни за различните литературни дела, кинематографија, архитектура, фолклор, гастрономија, начини на живот.Ствари и појави за кои никогаш не сме слушнале и никогаш не би слушнале.Преку нашата врска стенуваме разлилни културни референци. Тоа ги проширува нашите погледи, искуства и престави на еден убав и пријатен начин.

Што се однесува до предизвиците и решавањето на практичните проблеми… Постојат неколку посебни прашања што се појавуваат, некои прашања што треба да се разрешат. Што е потребно за да се намали растојанието помеѓу двата континента? На крајот на краиштата, секоја личност го живее својот индивидуален живот во понекогаш доста различни опкружувања. Ние сме зафатени со семејството, училиштето или факултетот, работата и тамошните пријатели. Како да не се изгубиме едни со други на ова растојание?

tyler-nix-Pw5uvsFcGF4-unsplashСе чини дека најважниот фактор естраните да останат присутни во животот на другиот. Секојдневно да се ,,проверуваат‘‘ со другата личност, што се случува во нивните животи, со што се занимаат, што работат, што ги мачи, прави среќни, кои се нивните соништа и предизвици во моментов. Ова може да има многу различни облици во зависност од индивидуите и природата на врската.Може да си пишувате секој ден, редовно да разговарате преку Skype, да си пишувате долги писма, да снимате видео-пораки едни за други, да испратитегулаб-гласник или да измислите временска машина за да патувате назад кога ќе се сретнете лично. Единствените ограничувања се креативноста, технологијата и километрите. Но, со текот на времето, дури и овој начин на комуникација може да стане досаден, давејќи се во рутината на испраќање слики од вашиот последен оброк или последицитеодповраќањето на вашата мачка врз тепихот. Важно е да си дадете едни на други простор да го живеете вашиот живот самостојно, да оставите време да се истражуваат и здобијат нови искуства. Работи на кои потоа можете да ги препратите едни на други на претпочитаниот канал за комуникација.

Од друга страна, ако чувствувате дека оддалечувате, зафатени со секојдневието, можете да ги раздвижите работите со тоа што ќе најдете работи што можете да ги направите заедно. На прв поглед, овој витален аспект на пријателството се чини дека е најограничен од самото растојание меѓу вашите прагови, но со малку смисла и имагинација, многу можности доаѓаат на ум. Одете на Skype и започнете да си пишувате заедно, играјте игра „Категории“, гледајте филм со другата личност. Не мора да ги правите работите од непосредна близина. Нацртајте се едни други и потоа почекајте да ја видите возбудата во другите очи кога ќе го видат исходот. Прочитајте ја истата книга и разговарајте за неа. Играјте видео игри заедно, смислете приказна заедно. Можностите се, иако ограничени, сепак повеќекратни.

pablo-merchan-montes-_lBDypLbKgY-unsplashНо без разлика од задоволството и исполнетоста со зборување и пишување и ангажирање едни со други на далечина, тешко може да се издржи и недостатокот на добра прегратка, прошетката во природата или гледањето гушнати заедно на софата. Понекогаш е фрустрирачки да ви треба прегратка или да посакате да ги повикате на кафе или да одите на театар и тие да не можат да го сторат тоа… Кога сме фатени во овие моменти на чувство на отсуство на нашиот пријател или партнер и особено длабоко натажени, може да биде утешно да се знае дека разделбата не е засекогаш, уште подобро да знаете дека ќе се видите едни со други за неколку недели или месеци. Затоа, треба да имате јасно дефинирана временска рамка кога повторно ќе се видите и прегрнете. Најпосле, кога повторно ќе се сретнете сè е ќе бидеприкладно и прекрасно.

Секоја повторна средба е опкружена со аура на возвишеност. Небаре станува настан во вашите животи, со нетрпение го очекувате, го планирате со внимание, вложувате свесен напор да бидете 100% присутни и да извлечете максимум од секоја минута. Понекогаш едноставно не сме такви кога живееме на истото место или град и се среќаваме често.

Сè на сè, врската на далечина може да биде незгодна за справување но исто така прекрасно да се доживее на свои начини како и на начини доста слични на оние од која било друга врска. Клучот е да бидеме флексибилни и упорни, заедно да се соочиме со предизвици и да се радуваме на нејзината топлина и љубов до крај. Значи, ако некогаш животот ве изненади со некој што доаѓа од друга култура или оддалечена земја, не плашете се од растојание или разлики, претворете ги во сила за силно и цврсто партнерство.

Виториа Асеби
Матис Гилсбах
Превод: Радован Спиридонов

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: