Постојат неколку моменти кога животот ни дава шанса да станеме подобри личности. Оваа младинска размена, која се случуваше во Струга во периодот 6-15 јули, беше една таква шанса. Тоа што започна само како проект со вообичаени работилници и одредена цел, стана многу повеќе со различно значење за секој од учесниците и направи уште поголем импакт. Многумина од нас се вратија дома полни знаење како да се биде „cute“.
Младинските размени се потполно ново искуство и преку кое се здобиваме со многу нови познавања. „Cute“ е младинска размена каде учесниците учевствуваат во неформална едукација, што значи дека преку проекот се здобивме со нови вештини кои не можеме да ги научиме на училиште. За нас, овој период, со разни луѓе од разни земји, беше нешто што ќе го паметиме цел живот. Оваа размена научивме како да соработуваме едни со други преку многу работилници и активности. Преку тимска работа, научивме да се разбираме и да ги прифатиме нашите различности. Истотака со помош на толеранција успеавме да ја постигнеме нашата цел. Сѐ вклопено заедно со цел да научиме како да направиме нешто за некого во нашата заедница. Додека работевме во Струга, имаше неколку моменти каде што требаше да толерираме однесувањето на другите учесници. Во тој момент знаевме дека треба да најдеме начин да ги разбереме, бидејќи луѓето всушност прават грешки поради незнаење. Такво однесување беше сѐ што знаеле во тој момент. Нашата група, пак, тогаш научи како да ги прифати туѓите несовршености. И тие моменти беа дел од проектот. Требаше да разбереме и кога некој не сакапе да учевствува. Исто како и во реалноста, сите имаат свои граници.
“Оспобување, зајакнување за мене беше една од најинтересните теми на „CUTE“. Не секој има верба во себе и своите способности во секој момент. Многупати недостатокот на верба во себе е поради стравот од непознатото. Луѓето не разбираат дека во тие моменти нивниот страв е нерационален и дека целта на којашто ѝ се плашат ќе ги одведе до најубавите места. Треба да ги мотивираме луѓето со зборови или пак, на пример, – Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот – како што кажал Ганди“ – вели Сандра Филипова.
Помагање и оспособување некого значи да се зајакнеме и самите себе истовремено за да станеме подобра верзија на себе од ден на ден. „Сѐ на сѐ, проектот ми ја зголеми самодовербата, знам сега дека сум подобра одошто мислев дека сум, научив да соработувам со различни луѓе и како да толерирам луѓе кои не сакаат воопшто да делуваат“ – вели Сандра.
„Пешачењето низ селото Вевчани, допринесе да сфатам како сите сме поврзани. Не само со природата туку и како тоа што го чувствуваме кон самите себе, го проектираме и кон останатите. Ја разбрав важноста да се толерираш сам себе кога не го даваш својот максимум, да ги разбираш своите потези и грешки, да соработуваш да станеш подобра личност и секако да се зајакнеш сам себе, да се мотивираш за да продолжиш напред“ – вели Елена Стојковска.
За време на овој проект, од првин, мотивациските игри и игрите за зацврстување на тимот изгледаа само како обични игри, многумина од нас ги потценуваа, но со минувањето на деновите сите сфативме колку се значајни. Имавме интересни работилници за да ги зацврстат нашите лидерски и организациски способности. Скоро секоја вечер имавме мали национални активности преку кои ги претставувавме нашите земји и нивните обичаи. Истотака отидовме до Охрид како една мала екскурзија, што беше многу важно за интеракција со другите земји. Два дена имавме мали проекти преку кои придонесовме за доброто на општеството или во овој случај Струга. Една од најтешките елкции кои ги научивме беше да се справиме со одбивање. За време на една анкета за уметност која ја правевме на струшките улици, најтешкиот предизвик беше да не се откажуваме иако бевме одбиени на многу негативен начин многупати. Истото се случуваше и кај другите групи со нивните мали проекти за околината и за младината. Тогаш се соочувавме со суровата вистина за луѓето, општеството и нивната мала верба и интерес меѓусебе, но и кон околината. Точно е дека се соочивме со вистината, меѓутоа тоа не беше со цел за да се обесхрабриме туку сосема спротивното. Тогаш и таму разбравме што недостасува и што треба да направиме справувајќи се со идни такви предизвици или пак со уште поголеми од овие. Ги зедовме овие предизвици за да го подобриме нашето општество дури ако тоа значи само една насмевка – само уште една усреќена личност – сме успеале да ја достигнеме целта. Начинот на кој ги остварувавме нашите цели, за време на размената, беше доста интересен, започнувајќи со првиот ден со мали вежби за да се запознаеме меѓусебно и да се зближиме.
„Оваа размена ми помогна да се развијам како личност, да мислам „надвор од кутијата“, да бидам креативна и најважно од сè да разбирам и толерирам различности меѓу луѓето. Беше задоволство да бидам дел од CUTE бидејќи имавме многу слатки, смешни, интересни и продуктивни моменти“ – вели Ева Миленкова, а ние потполно се сложуваме со неа.
Елена Стојковска
Сандра Филипова
Тамара Малова
Ева Миленкова
Кристина Каламукоска
Николина Бошкова
Фотографии: Сандра Филипова
Leave a Reply