Мојата прва креирана видео игра јам

Четиринаесет часа возење од Гостивар до Костинести, Романија не беше ништо во споредба со прекрасната глетка на Црното Море и убавото опкружување кога конечно пристигнавме.

YES09965

Не можев да поверувам на очите, бидејќи се беше прекрасно, малите куќи со влезни врати и прозорци обоени во сина или црвена боја и вили со градини полни со црвени рози. Вилата каде што бевме сместени беше прекрасна, градина полна со рози кои мирисаa убаво, собите убаво уредени. Целиот замор од долгото патувањето исчезна откако го отпакував багажот и кога ги запознав моите две цимерики, една од Романија и една од Бугарија, кои беа прилично зборлести и друштвени.

YES09635

Бевме 20 од исто училиште од Гостивар и поминавме 12 прекрасни денови во Костинести, од 7 до 18 јуни 2019 година заедно со уште други 20 ученици од Романија и 20 од Бугарија и 6 тим лидери. Проектот на кој учествуваме беше прекрасен и многу значаен за нас. Волонтерски центар Скопје го организираше овој проект и им се заблагодарувам што ми овозможи да учествувам. Името на проектот беше Еразмус+ Gamification Exchange, беше младинска размена организирана со цел да се соочи со проблемот на ниската вработливост кај младите преку охрабрување на младите луѓе да бидат поактивни во претприемничките активности, преку поттикнување на развојот на компетенции во програмирањето и креирање на видео игри како решение за вработување и самовработување.

YES09885Отсекогаш сакав да учествувам на младински проект во странство и бидејќи ми беше прв пат, не бев сигурна што ќе се случува на проектот, но очекувањата беа големи и се чувствував многу возбудена. И не згрешив, моите очекувања беа исполнети целосно. Научив многу од овој проект, како да креирам видео игра, да ги подобрим моите вештини за зборување на англискиот јазик, да станам свесна за културните разлики и да станам посигурна во врска со моите способности. Сега можам повеќе да соработувам со луѓе од други националности и култури, да бидам потолерантна кон вредностите и однесувањето на другите и повеќе отворена и љубопитна за новите предизвици. Учев со задоволство и добив појасна идеја за мојот иден образовен пат.

YES00132

Најсреќен момент беше кога видов дека мојата прва видео игра добро функционираше и кога можев да ја играм. Можете да си замислите колку бев среќна и горда на себе во исто време. Учесниците што ги запознав на овој проект беа многу добри и заедно многу се забавувавме. Многу ми се допаѓаа игрите – енерџајзери, кои ја зголемуваа енергијата на групата , беа многу интересни, за време на кои имаше многу смеење, туркање, скокање, танцување и трчање. Но и на некој начин бевме вклучени и во решавање на проблеми. Ми се допаѓаше плажата кога уживавме во пливање и сончање во слободното време. Еднаш останавме на плажа до изгрејсонце, бидејќи сакавме да го видиме тој фасцинантен момент на изгревот на сонцето, беше спектакуларно кога сонцето почна да се појавува од морскиот хоризонт.

YES00135

Олеснувачите Алис и Алекс беа одлични. Беа многу забавни и јасно објаснуваа сè. Сите бевме како едно големо среќно семејство. Нашиот тим лидер Илина беше многу добар, исто така. Една смешна работа беше кога таа проверуваше дали сите се во собите после полноќ и откако ќе се осигураше дека сè е во ред, ќе седнеше опуштено на балконот од нејзината соба, но после некое време, сите ние излегувавме од собите во градината, а таа нè гледаше зачудено.

YES00052

За време на проектот, еден ден од наутро отидовме во Констанца на екскурзија. Беше половина час возење до таму и имавме пакет-ручек со нас. Фасцилитаторите ни поделија маички на сите нас со отпечатено Еразмус+ Gamification Exchange на нив, кои ги носевме за време на прошетката околу градот. Разгледувавме знаменитости, фотографираме и пиевме кафе во едно од многуте кафулиња на плоштадот. Најинтересно беше кога требаше да тргуваме со ќибритчиња во замена на нешто што луѓето сакаат да ни дадат. Влегувавме во кафулиња, ресторани, продавници, хотели, разговараме со луѓе на улица и за изненадување добивме многу интересни работи. Добивме очила за сонце, маици, пакетчиња мед и шеќер, пари, балони, чепкалки за заби, тетратки и слични работи. Луѓето беа многу пријателски расположени и им беше многу интересно ова наше тргување.

YES00001

Секоја вечер имавме забава во дворот на вилата, читајќи тајни пораки, што ми беше интересно, а тајните пријатели разменуваа подароци. Една интересна порака испратена до една од девојките беше “Вие сте многу симпатична девојка, би сакале ли да сте моја девојка?” И до самиот крај на проектот таа не разбра кој е нејзиниот таен обожавател. Мора да бил некој срамежлив. Покрај тоа, имавме културна вечер каде што ја претставивме традиционалната македонска храна и македонскиот традиционален танц. Интересно беше да се проба храна од други земји и да се видат други традиции.

YES09535

Фасилитаторите ја презентираа програмата Еразмус+, нејзиното работење и можностите што им ги дава на младите. Потоа ни ги доделија младинските проппусници, кои претходно ги пополнивме со исходите од наученто. На последниот ден од Проектот, имаше многу гушкање и солзи затоа што станавме многу блиски и разделбата беше многу тажна, но си ветивме дека ќе продолжиме да бидеме во контакт на социјалните мрежи.. Романците беа толку емотивни на денот на заминување, што не сакаа автобусот да замине, па пред него направија жив ѕид. Линијата на млади Романци пред автобусот изгледаше толку симпатично.

И за крај би кажала дека ова беше неверојатен проект и големо искуство, кое го проширува умот и видикот. Би сакала да учествувам на сличен проект во иднина и препорачувам на сите млади луѓе да учествуваат на проекти, бидејќи тие се незаборавно искуство.

Илина Миноска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close