Сè поинтересно станува работата со Erasmus+ проектите, па ете нèуште еднаш, македонскиот тим на аеродром во исчекување конечно да „допреме“ до небото, за на крај да слетаме во убавата Италија. Пристигнавме целеден ден порано од другите групи, па имавме желба да ги видиме убавините кои ги нуди Италија, да го посетиме Милано и неговата најпозната катедрала. Беше воодушевувачки, навистина. Но во друштво со Македонци секогаш нешто тргнува наопаку, како на пример возот тргнува за 2 минути, а тие фокусирани да направат професионална фотографија со птиците. Нашиот прв ден од престојот го нарековме ,,Брзи и бесни: Македонци во Италија’’.
Секако, претставата која секој ја има за Италија е Милано, Венеција, Верона, Рим.. Но, ние видовме дел кој беше натприроден и воодушеувачки мирен во исто време. Дестинацијата каде што се оддржуваше нашиот проект ,,We are EUrope’’ беше Сан Лугано, Северен Тирол, Италија. Сте слушнале ли? Веројатно не, но верувајте ни, вреди да се посети. Опкружено со високи планини и чист воздух, бевме сместени во 4 стари вагони: малечки собички со по 5 кревети на спрат или поедностано, 10 лица во собата. Беше предизвик, но навистина се исплатеше. Научивме да функционираме набрзина, во неред, но сепак во добри односи едни со другите.
Дома донесовме нештокујнски вештини од готвењето за националната вечер, во големи количини (за околу 40 луѓе), но исто така и уште поголема одговорност кога станува збор за домашните обврски. Целта на проектот, покрај учењето и убаво поминатото време, беше да се подготват младите како што сме ние, дека не секогаш ќе ги имаме мама и тато до нас да ни зготват и чистат. Сепак, никој не се жалеше и сите уживавме во уникатниот престој во толку смирувачко место.
Секое утро го започнувавме со јазична анимација во која беа вклучени сите држави-учеснички во проектот, учејќи нови и различни зборови. Целта беше да се сфатат разликите и сличностите помеѓу европските држави. Со националните работилници и меѓусебните презентации научивме за протестирањето (Fridays For Future во главно), како влијае на нашите права и потреби, зошто е важно некогаш да се повиши гласот за подобра иднина во Европа. Преку вербална и невербална комуникација се разбиравме меѓусебно, на начини на кои што никогаш не би ни помислиле дека можеме. Ја стававме довербата во рацете на другите и така можевме да разбереме дека не е сè лошо и злобно, дека сеуште има добро во луѓето и дека нема потреба од губење надеж во човештвото. Уште многу, многу работилници не потсетија дека Ние сме Европа, дека треба да се држиме заедно како Едно за да можеме да го направиме светот помирно место, за подобро утре.
Секако, покрај целата таа работа, имавме и безброј забавни моменти со националните вечери, учевме традиционални танци, се запознавме со нови видови музика и различни начини на забава. Многу пријателства се изродија, многу приказни се раскажаа и милиони солзи се исплакаа. Со широки прегратки и ветувања за следно гледање го завршивме проектот задоволни.
Ева Наумовски
Филип Стојановски
Димитрина Босковска
Марија Атанасова
Ирина Гелевскаж
Јован Црвенковски
Тамара Тодева
Leave a Reply