Радио дружење и медиумска едукација во Данска

Искусни и помалку искусни, активисти,  радио техничари, водители, младински работници и млади желни за учење на 28 март се собраа во Хостел Hallo во Данска за едно ново и поразлично патување-искуство. Но, патот не заврши тука, туку секое утро околу 09:30 часот продолжуваше кон European Community Media Center Aarhus каде не чекаа широките насмевки на вработените и секако, директорот на организацијата – Руи Монтеиро, Португалец со огромно искуство кое несебично го споделуваше со сите нас.

cof_vivid
cof_vivid

Така, во перидот од 28 март – 03 април, дванаесетина младински работници од Македонија, Данска, Грција, Турција и Финска беа дел од обуката: „Media: Key Tool for Social Inclusion” која се одржа во земјата на викинзите – Данска. Обуката беше дел од Еразмус+ проект, а проектот има за цел да се соберат на едно место младински работници кои поседуваат вештини и методи за да ја зголемат медиумската писменост и критичкото размислување помеѓу младите луѓе и да им помогнат околу прашањето на социјална исклученост/неактивност во општеството. Обуката имаше за цел: да ја зголеми свеста на младинските работници за моќта на медиумите и развој на критичкото размислување на младите, да се зголемат вештините на младите за препознавање лажни вести и да ја зголемат свеста на младите за анализа на медиумските пораки, да се зголемат вештините и знаењето на младите за начините на кои медиумите можат да се користат за адресирање на значајни социјални прашања, да се зголемат знаењата за социјална исклученост на младите и како може да се превенира истата, да се зголеми толеранцијата во општеството, да се зголеми соработката и знаењата на младите за Еразмус+ програмата. Целите беа исполнети преку различни активности.

На обуката присуствуваа четири учесници од Македонија: Ненад Цвијиќ, Маја Стевановска, Огнен Анчевски и Лаура Бабаитите, кои беа претставници на Волонтерски Центар Скопје.

cof_vivid
cof_vivid

“Медиумското“ дружење го започнавме со активности за градење на тимот, продолживме со презентирање на реалноста во нашето медиумско општество, се обучивме за техники на интервјуирање, застанавме во големото студио на телевизијата, бевме дел од активна дебата, се најдовме во улоги на презентери, новинари, дебатери, креиравме радио програма поделени во тимови и одеднаш се најдовме во радио студиото каде ги ставивме слушалките…. и започнавме… тогаш пристигна тремата, но брзо се прилагодивме на студиото, на опремата, на микрофоните и снимањето започна… – како “подмачкано“. Разговаравме како цел живот да сме биле дел од радио шоу, зборувавме за нашите искуства, за културата на државите, за патувања… го погледнавме техничарот и сфативме дека времето предвидено за нашата емисија – веќе завршило, а ние – само што почнавме..

За време на обуката учевме, се дружевме, патувавме и истражувавме – се заедно, но на крај излеговме полни со знаење и незаборавно искуство.

Целите на обуката беа исполнети, а нашите исто така. Но, проектот тука не застанува, а ниту нашите активности. Учесниците ќе бидат дел од повторна заедничка средба во Солун, каде ќе можат да ги споделат искуствата и повторно преку неформални методи и техники да стекнуваат знаења.

Со доцниот авион од Копенхаген – преку Виена, повторно се вративме дома. Се вративме мотивирани, полни со знаења и желба да го споделиме наученото, но и малку уморни.

Се најавивме на фб и ги споделивме последните слики од обуката во Aarhus и без да бидеме свесни веќе го споделивме знаењето со нашите пријатели.

cof_vivid
cof_vivid

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: