Шест волонтери од Македонија учествуваа на проектот Еразмус + „Алатка за волонтирање за зајакнување на младите“ што се одржа во Обзор, Бугарија од 31.08 до 08.09.2019 година. Волонтерите беа пречекани од фестивалската фондација „Морско Конче“ и беа дел од младинска размена со 42 учесници од 6 различни земји и со различно потекло со цел да ги прошират своите хоризонти во областа на волонтерството.
Учествувајќи во проектот „Волонтирање алатка за зајакнување на младите“, преку бројни интересни работилници, овие млади луѓе беа дел од следниве активности: промена на ставовите на младите кон разбирање на волонтирање, како начин за активно делување во корист на заедницата, подобрување на квалитетот на волонтирањето активности во партнерските земји, локалните заедници на организации и нивните целни групи. Домаќин на нашата младинска размена беше „Морско Конче“ во соработка со шест организации, а тоа се TdG (Италија), VCS (Македонија), IYACA (Турција), POD (Шпанија), Асоцијација Култура Молдавија (Романија) и PRAXIS (Грција), а проектот беше финансиран од ЕРАЗМУС+ Програма на Европската Унија. Главната цел на обуките беше да се промовира волонтерството и придобивките од истото, при тоа се информираа младите за можностите за волонтирање што програмата Еразмус+ ги нуди и поддржува. Младите беа информирани за различните видови и активности на волонтерството. Во текот на целиот проект беа направени различни медиумски материјали кои го промовираат волонтирањето.
Како дисеминација на знаење од оваа младинска размена, македонските волонтери организираа две волонтерски активности. Прва волонтерска активност беше споделување на нивното знаење и искуство стекнато на младинската размена „ЕРАСМУС+ Алатка за волонтирање за зајакнување на младите“ на штандот на Волонтерски Центар Скопје како дел од настанот за денот на граѓанските организации. Втората волонтерска активност беше организирана со децата од специјалното основно училиште „Златен Сремец“ за деца со нетипичен развој и аутизам. Нашите волонтери заедно со децата направија работилница за „Филигранот во македонски носии.“
Александра Давитковска
Превод: Кристина Митровска
Leave a Reply