Добредојде на Кирси, нашата нова волонтерка од Финска!

Здраво! Јас сум Кирси и доаѓам од Хелсинки, Финска. Имам 22 години и сум љубопитна девојка која сака да го истражи светот!

Јас сум прилично призмјена личност, имам страст за добра музика, танцување и всушност било какви нови информации. Заинтересирана сум за благосостојбата на телото и умот, исто така се интересирам за астрономија, биологија и физика. Во Финска добив двојна диплома, завршив средно училиште и научив да бидам практична медицинска сестра. Работев три години во дневните центри на една организација кои што беа места за комунални состаноци и каде што се пружеше помош за луѓе без дом и за луѓе кои што имаа проблеми со употреба на субстанции и проблеми со менталното здравје.

Но три години во тоа поле е долго време и колку и да ја сакав работата што ја работев, сепак сакав да почнам да работам нешто друго. Потоа, минатото лето дојдов во Македонија на одмор и дознав за можноста да станам дел од ВЦС. Кога си заминав дома, размислував за ова и одлучив да ја зграпчам оваа можност. Сега едвај чекам да започнам со бура на идеи и имплментација на истите. Јас не само што сакам да добивам знаење, истото сакам и да го споделувам затоа што најдобриот дел од учењето е кога можеш своето знаење да го пренесеш на другите. Затоа мислам дека ќе уживам во оваа година волонтирање во ВЦС.

Кирси Суоми
Превод: Илија Ристов

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close