ФКК и натурализмот во Германија

И покрај тоа што во многу земји голотијата во јавност е кривично дело, во Германија – особено во поранешниот социјалистички Исток – сите знаат што значи ФКК и, иако во последните три децении ваквиот тренд се намалува, практиката на одење на плажа целосно гол е сè уште популарна. Кога бев мал често одевме на ФКК-плажа со родителите. ФКК значи “Freikörperkultur“  („култура на слободно тело“), нема ништо гадно во неа и не е поврзана со секс или воајеризам, туку со ослободување.

Најчесто застапена во либерално-прогресивните делови од општеството ФКК била (и сè уште е ) гледана како начин на практикување бескласно општество и основа за подлабоко искуство и поврзаност со природата. Терминот ФКК се појавил во доцните шеесети и бил многу популарен на плажите на Балтичко море во Источна Германија кадешто прилично се раширил и речиси секоја плажа имала дел за нудисти и дел за посетители кои носеле облека.

Идејата позади ова движење е многу постара од ФКК. Нејзините корени можеме да ги најдеме во девеесеттите години на деветнаесетиот век, период во кој индустријализацијата го достигнала својот врв и луѓето живееле во пренаселени, сиви и загадени градови. Оттука, германското натуралистичко движење е едно од најстарите во светот. Практикувајќи голотија „секаде кадешто не било забрането“ луѓето се обидувале да ги прекршат традиционалните табуа, да се вратат кон природата и да живеат здраво (Пред индустрискиот период, било вообичаено луѓето, поделени според род,  да се капат голи во езерата и реките и ова траело се до преминот од 18 во 19 век кога се воспоставиле построги морални табуа).

Првиот официјален натуралистички клуб бил формиран во 1898 година во градот Есен во Германија, но центарот на движењето бил главно на брегот и во околината на Берлин кој уште тогаш бил многу либерален и отворен за експериментирање. Целта на натуралистите била општество кое живее во хармонија со природата без оглед на општествениот статус или класа на луѓето, чувство на удобност во своите тела и ценење на својата различност, а истовремено и обединетост со другите и повисока свест за себеси. Како резултат на оваа долга традиција на натурализам и реформаторски движења општото справување со голотијата (во јавност) во државите од германско говорно подрачје и Скандинавија, може да се опише како „прилично релаксирано“. Идејата дека голото човечко тело не треба да предизвикува срам и дека не мора веднаш да биде поврзувано со сексуалност е многу поприфатена отколку, на пример, во САД, па, така, дури и денес, Германците сè уште се сметаат за „светски шампиони во нудизам“, а „ФКК-оддели“ можат да се најдат на повеќето плажи (на море и на езера), а исто така и во многу сауни, нудистички кампови, па дури и нудистички планинарски патеки.

Откако ФКК го достигнала својот врв за време на Вајмарската република (1918-1933) во дваесеттите години на дваесеттиот век, кога преку 100.000 луѓе биле членови на такви натуралистички или нудистички клубови, властите на нацистичкиот режим се обиделе да ја забранат голотијата затоа што била „неморално однесување и грев“. После Втората светска војна, нудизмот повторно станал популарен и се раширил главно помеѓу младите и либерални жители  на Западна Германија, во пресрет на хипи-движењето и движењата за мир. Во Источна Германија, нудизмот станал општоприфатен за време на шеесеттите и седумдесетите и бил сметан како начин да се изрази протест и да се биде бунтовен кон елитите (и покрај тоа што “генералниот секретар на Централниот комитет на Социјалистичката партија и претседавач со Државниот совет на Демократска Република Германија”, претседателот Ерих Хонекер го минувал секој летен одмор на нудистичка плажа) и за повеќето, бил мало парче слобода во држава која за нејзините граѓани во многу погледи не била слободна.

По девеесетите, нештата се промениле и културата на слободно тело станува поретка. Денес, околу 80% од членовите на овие натурилистички или ФКК-клубови имаат повеќе од 70 години и најновите вести во германските медиуми ја најавуваат смртта на „Културата на слободното тело“. Причините за ова најверојатно се наоѓаат во промената на моралните вредности. Помладите генерации особено се судираат со општество кое станува се посексуализирано. Во време на интернет порнографија и Инстаграм, многу млади чувствуваат притисок да имаат „совршено тело“ а компетитивниот менталитет на општеството од доцниот капитализам не запира кај човечкото тело.  На многу луѓе им е тешко да замислат како голотијата може да не биде поврзана со каква било форма на сексуалност и терминот ФКК, кој не е регистриран како заштитен знак, погрешно се употребува како маска за, да речеме, „еротска работа под раката“.

Но, нудистичките организации како што се ФКК клубовите (Германија е многу „организирана“ држава) сè уште имаат голем број членови и многу млади луѓе сакаат или чувствуваат потреба да се искусат себеси и нивната природна средина на пожив начин (на пример, едноставно преку голотија).  Споредувајќи го времето во кое живееме со доцниот деветнаесетти век, можеме да најдеме интересни шеми кои се повторуваат, како на пример поеколошки и „назад-кон-природата-менталитет“ кај младите, желба да се биде бунтовен и да се надминат традиционалните структури, како и борба за општествено ослободување.

                                                                                                                                                                  Саша Шлуeтер

 

Picture:

(c) Pascal Willuhn, https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/a7/FKK_Anfang_sign_on_beach.jpg

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close