Играње различни улоги во полска-начин како да вложите во својата иднина

Низ сите овие години искуство низ Еразмус+ учество на проекти се сретнав со многу луѓе, научив доста за различни култури и стекнав одлични птијатели и партнери. И секоја активност засебно беше предизвик сама по себе, затоа и не би можел да кажам која беше најдобра. Сепак оваа од Полска секако е една од најдрагите спомени: младинска размена насловена како ПРЕДИЗВИКАЈ ЈА ИДНИНАТА во Насутов, близу Лублин.

BYF (7)

Па помина извесно време од мојата последна младинска размена но се радував што бев назначен токму за оваа. Се започна еден месец претходно, со претходен состанок за координација на лидерите и координатори да се разгледаат деталите, методите и да се распределат задачите и одговорностите. Местото на собирање беше неверојатно убавиот град Лублин во Полска, со можност да ги истражиме сите негови убавини. Имав многу пријатели, партнери и соработници од ова место и разбирливо, моето возбудување беше огромно да ги посетам конечно за првпат. Три земји беа вклучени: Полска, Шпанија и Македонија и секако пријателскиот и вреден персонал на нашите домаќини-организацијата Sempre a Frente. Го посетивме и местото на настанот, Насутов во близината, како и сите локации од интерес во Лублин што беа доволно атрактивни за изведба на планираниот завршен настан.

BYF (4)

Деновите за одржување на активноста дојдоа многу брзо, поминати во комуникација, одбирање на учесници и нивна подготовка, планирање на патувањето и подготовка на активности што требаше да ги изведеме. И целото патување до местото на активностите беше авантура сама по себе бидејќи избравме да патуваме со комби, повеќе од 1600 км низ неколку држави се до Полска, забележувајќи ги попатно со фотографии сите предели, разноликоста на градовите и земјите, различните ситуации и нашите реакции на нив. Сонцето, облаците и дождот се менуваа многупати како што ги заменивме планините за рамниците и бевме сведоци на чудесни октомвриски изгрејсонца и залези.

Доцна вечер, пристигнавме во Лублин, просториите на Sempre a Frente и сите заедно излеговме да разгледаме наоколу, сите национални групи заедно, запознавање и ракување, размена на впечатоци. И ете сме, пред полноќ сите заедно пристигнуваме во местото на престој во Насутов, близу Лублин.

LublinFinal (3)

И веќе наредното утро магијата започна, магија каква само Еразмус културата и искуството може да донесат: загревања и активности за запознавање, работилници поврзани со темата, неформално дружење во слободното време и вечерни дружења. Како што се приближувавме кон основната цел на овие активности, групата имаше можност да ги подобри своите знаења и зајакне своите вештини, одличен начин да зголемат нивните идни можности. Направивме неколку различни театарски претставии играње различни улоги што всушност беа и припрема и проба за планираниот главен настан: јавна изведба на играње на улоги во централниот дел на Лублин со активно вклучување на локлните млади луѓе, како приказ на нашите напори и стекнато знаење за време на размената. И секојпат кога нешто изведувавме имаше вклучено костуми, шминка и различни карактерни улоги во самото сценарио. Но најважно беше што сите учесници се забавуваа и се трудеа да го дадат својот максимум во својата улога.

BYF (2)

Конечно големиот ден пристигна. Последни подготовки во канцеларијата на Sempre a Frente во Лублин, дискусија за деталите, улогите и сценариото, сите се возбудени и задлабочени во улогата што треба да ја одиграат. Тимската работа и помош е задолжителна за надворешниот изглед и шминка. Така подготвени започнавме презентација во движење на пат кон местото на настанот: замокот во Лублин. Поделени во помали групи ги запоседнавме скалите пред замокот, од најдолу се до влезот горе, со поставка на различни игри и задачи во кои требаше да учествуваат локлните млади луѓе. Групите беа полни со ентузијазам и длабоко внесени во нивните карактери, ширеа позитивна енергија дури бев и изненаден колку млади луѓе учествуваа во нашиот настан.Важно беше што и тие и ние уживавме покрај она што беше пренесено: посетителите на проектните цели, различните култури и заедничките вредности, а учесниците како да постигнат најдобри резултати и привлечат внимание на посетителите во својата специфична улога.

Сите овие случувања во текот на целата недела на активности исто така предизвика големо влијание на учесниците во форма на пријателство, позитивни текови, планови за повторни средби и соработки на проекти дури и планови за волонтирање. Последниот ден како и обично сите групи заминуваат со солзи и прегратки. Имав повторно на располагање повеќе од 24 часа пат со мојот тим да го споделиме и дискутираме ова искуство низ кое штотуку поминавме. Тие беа со поголема самодоверба и задоволни со себе си, со исходот од сите прифатени предизвици, со поголем аемпатија и обземени со емоции, информации и добри искуства од културната размена.

Knight

А јас? Да, јас исто така бев задоволен од исходот. Мојата улога како младински работник, фасилитатор и раскажувач започнува после се, кога ќе се спушти завесата.За мене останува прашањето како да ги средам и заокружам впечатоците, да ги „украдам“ најдобрите практики и да ги подобрам со нивна употреба во практичната работа во идните активности. Овие игри и активности на Играње Улоги се одличен начин како да се биде некој друг, да се потоне во некој друг карактер, лик. Костумите и шминката се само инструмент кои го олеснуваат тоа ставање себе си и одење во чевлите на некој друг, како да се пристапи, прифатат и да се справиме со предизвиците на начин кој е поразличен од нашето секојдневно размислување и разбирање на Светот. Верувам дека така отвараме нови перспективи во нашите животи и стануваме поемпатични и слободоумни.

…………………………………
Горан Галабов

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: