На 8 октомври 2019 година беше одржана церемонијата за една од најпознатите и најпрестижните награди во светот: Нобеловата награда за физика. Ова награда, за физичарите, ја означува кулминацијата на еден цел живот посветен на истражување и работа. Оваа година, тројцата победници се тројца истражувачи кои ја посветиле својата работа на вселената, на универзумот. Како човештвото кое се состои од 7 милијарди луѓе почнало да му се восхитува на небото кое се состои од неколку стотици милијарди галаксии?
Од Аристотел до денес: 2000 години сонување…
Во 340 година п.н.е. далеку пред првиот компјутер, па дури и струјата да се измислат филозофот Аристотел веќе сватил дека нашата планета земја е тркалезна. Овој факт можеби се чини обичен, но навистина е еден од првите големи откритија во историјата на астрономијата. Покрај големиот обем на конкретни употреби (навигација, разбирање на различни феномени на земјата…) ова откритие го поттикнува почетокот на конфронтацијата која ќе трае многу векови: астрономијата и религијата. Ова прашање се појави како фундаментално со првите откритија бидејќи доаѓа со цврста опозиција во умот на човечкото суштество. Фактички, може да се издвојат два различни начини да натерате некого да се сложи со вас: убедување и уверување. Убедувањето се базира на логично и рационално размислување додека наговарањето се прави со употреба на емоции, на пример со реторички алатки. Со тоа, дури и за Аристотел, нашата планета била центарот на нашиот универзум. Веројатно, неговите чувства не му дозволиле да размислува на друг начин, па неговото уверување било во битка со неговото убедување.
Потоа, бидејќи времето никогаш не застанува (на земјата, да бидеме прецизни), многу откритија следувале едно по друго, понекогаш прифаќани, а понекогаш одбивани од религијата и државите (понекогаш дури и со насилство). Оваа опозиција се чини како да е огледало на еволуцијата на човештвото кое, според различни теории, се чини помалку подложна на убедување отколку на уверување. Од истите овие теории се чини полесно да се допре до срцето на многу луѓе во еден момент отколку да се допре до нивните умови. Да бидеме искрени, не е лесна работа да се проба да се објаснат фундаменталните концепти на општата релативност на непознат човек.
Деветнаесеттиот и дваесеттиот век беа критични за историјата на астрономијата. Со индустриските револуции и општествените еволуции и со поставувањето на голем број нови закони и теории во многу полиња (биологија, космологија…) се развила астрономијата. Разбирањето на универзумот е попрецизно од било кога, но прашањето за нашето место и нашата улога во универзумот сеуште е една од најважните нерешени мистерии.
Зошто сме овде?
Едно од објаснувањата за долгата борба помеѓу религијата и науката може да се разбере главно со прашањето за местото на човештвото во универзумот. Предвремената појава на религијата во човечката историја ни покажува дека ова прашање е многу важно за нашиот вид. Во многу вери, универзумот бил геоцентричен, а човечкото суштество било во срцето на овој свет. Очигледно, овие концепти морало да еволуираат паралелно со науката за да станат она што се денес.
Науката, по природа, ја поддржува идејата за одвоеноста на универзумот, во поглед на човештвото. Универзумот постои и ништо нема да биде поразлично без човештвото. Што се однесува на Големата експлозија, сингуларитет во времето во вселената во почетокот на универзумот, може да ја имаме оваа реченица на ум: „Зголемувачкиот универзум не исклучува Создавач, туку само го опишува моментот кога тој би можел да направи своето уметничко дело.“ (Стивен Хокинг)
А за во иднина?
Најпосле, човештвото и земјата изгледаат многу мали во овој универзум. Но, ако постоиме, дали сме привилегирани? Конкретно, денес се чини невозможно, дури и во подалечна иднина, да се напушти земјата и да се основа некаков интерпланетарен колонијален систем. Сепак, сите знаеме дека судбината на човештвото и судбината на земјата денес се поповрзани од било кога, а еколошките проблеми (не толку далеку од филозофски прашања), се во срцето на интересите на младите. На крај, има многу размислувања кои можат да не донесат до момент кога треба да го модификуваме нашето сваќање за врската помеѓу човештвото и земјата. Може да замислиме дека улогата на човештвото е, денес во 21от век, не да се сметаме себеси за најинтелигентниот вид кој може да ја доминира земјата, туку да се сметаме ние и земјата во постојана размена, на мала планета на границите на Млечниот пат, помеѓу стотици милијарди други галаксии. Колку голем пат поминавме од времето на Аристотел! Во секој случај, денес се чини полесно да се разбере нашата фасцинација со ѕвездите: пробуваме да го разбереме бесконечно големото за да го се обидеме да го разбереме бесконечното човечко.
Тонги Паје
Превод: Матеј Башовски
Извори:
Petite Histoire de l’Univers – Du Big Bang à la fin du monde – Stephen HAWKING
A Brief History of Time: From the Big Bang to Black Holes
https://fr.wikipedia.org/wiki/Big_Bang
http://www.lavie.fr/religion/catholicisme/big-bang-evolution-pourquoi-l-eglise-ne-change-pas-30-10-2014-57440_16.php
http://quentin-philo.eklablog.com/quelle-est-la-place-de-l-homme-dans-l-univers-a47606457
https://theconversation.com/le-prix-nobel-de-physique-2019-recompense-une-nouvelle-vision-de-lunivers-124925
https://sciencesetreligions.com/question/quelle-est-la-place-de-lhomme-dans-lunivers/
https://sciencesetreligions.com/question/lhomme-maitre-ou-esclave-de-la-nature/
Leave a Reply