Етеричните масла се дар од природата. Во процесот на нивното правење, растението е одвоено од неговите непостојани делови кои ги содржат сите миризливи состојки од растението.
Етеричните масла во растението, со текот на времето, откриле супстанци за да ги привлекуваат опрашувачите, да се заштитат од штетниците или да го третираат оштетеното ткиво. Значи, ако размислите, не е толку изненадувачки што мирисаат толку прекрасно и се полни со лековита моќ.
Најчесто етеричните масла се користат во ароматерапијата, но може лесно да ги користите и во нормалниот секојдневен живот како и за подобрување на сопствената благосостојба. Ефектите можат да бидат или смирувачки или освежувачки, релаксирачки или засилувачко енергетски. Тие можат да се користат за подобрување на концентрацијата, за олеснување на болка и вознемиреност – во зависност од мирисот и неговите својства.
Како се користат?
Кога се нанесува на кожата, важно е етеричното масло да се разреди со основно масло, а не директно на кожата бидејќи може да предизвика иритација. За нега на кожа, препорачливо е разредување 1-2 капки етерично масло со 1 супена лажица основно масло, како на пример масло од кокос или јојоба. Исто така етеричните масла можете да ги ставите во ароматична ламба или дифузер. Во тој случај, активните состојки ќе си го најдат нивниот пат до вашето тело преку дишењето. Можете да ги користите за масажа или за бањање.
Лаванда
Маслото од лаванда е едно од повеќе функционалните етерични масла. Има неколку здравствени и телесни добротворни ефекти. За разлика од повеќето етерични масла, лавандата може да се користи директно на кожа. Може да се користи за лекување на несоница и е познато дека го активира производството на серотонин, што му дава на телото смирувачки импулс. Лавандата може да се користи и на мала целна област за лекување на изгорена кожа, за дезинфекција на рани и каснувања од инсекти заради неговите лековити и дезинфективни ефекти.
Еукалиптус
Еукалиптусовото дрво расте во Австралија и со векови се користи во медицински цели. Поради неговите антисептички и лековити ефекти, можете да го користите за да го забрзате заздравувањето на кожата. Исто така, го олеснува и дишењето и грипот. Што се однесува до психичките квалитети, маслото од еукалиптус ве смирува и ги балансира емоциите и осветлува мислите.
Бор
Ефектите од боровото масло се освежувачки и енергични. Ги отвора и ги зајакнува дишните патишта и го дезинфицира воздухот во просторијата. Ако, на пример, страдате од утрински замор, треба да пробате!
Рузмарин
Рузмаринот ја стимулира крвната циркулацијата и варењето на храната. Може да се користи за третирање на ревматизам и болка. Исто така го елиминира заморот.
Портокал
Мирисот на портокал е сладок и свеж. Го освежува и го подига расположението, но исто така го смирува и го намалува стресот. Може да се користи за да се зголеми апетитот и да се подобри варењето на храната.
Јасмин
користат за масло кои мора да се берат ноќта бидејќи по зајдисонце има најсилна арома. Може да се користи, меѓу другото, и за стимулација на сексуалноста и за подигање на расположението.
Има само неколку примери на етерични масла и нивните ефекти во овој напис. Ако сте заинтересирани, можеби би сакале да се запознаете со чудата на природата.
Кирси Суоми
Преведувачка: Емилија Темелковска
Извори:
https://luontainenterveys.fi/index.php/osa-alueet/eteeriset-oljyt/
https://www.luontoemo.fi/41
https://www.healthline.com/health/lavender-oil-for-skin#application
https://yogobe.com/fi/blog/kehoa-ja-mielta-hoitavat-eteeriset-oljyt
https://www.newdirectionsaromatics.com/blog/products/group/essential-oils/
Leave a Reply