,,Trust me, I’m a volunteer” Барселона- Шпанија 16.10-24.10.2019

Во периодот од 16.10-24.10.2019г. се одржа младинска размена на тема ,,Trust me, I’m a volunteer’’, во Барселона, Шпанија. Дел од овој проект беа шест (6) држави: Шпанија, Италија, Германија, Македонија, Турција и Бугарија, со по 7 претставници од секоја држава (шест учесника и еден тим лидер). Главна цел на проектот беше подигнување на свеста кај младите за нивно волонтирање односно креирање, организирање и учество во волонтерски активности како на локално така на национално и интернационално ниво.

Нашето патување започна на 16.10.2019г., каде што целиот ден ни помина во патување до Барселона, но сепак интересно заради тоа што имавме доволно време да се запознаеме меѓусебе. Ние бевме последната група која пристигна, заедно со тимот од Бугарија, каде што по нашата вечера (lunch pack), уморни од долгиот пат си легнавме.

IMG-a3ad6b0e63dd63a1556c63031f6f7648-V

Наредниот ден, беше нашиот прв ден од проектот. Преку игри за меѓусебно запознавање, почнавме да соработуваме со другите учесници, и да дознаеме нешто повеќе за нив а да кажеме и нешто повеќе за нас. Понатамошниот дел од работилниците беа со цел да се запознаеме со главната цел на проектот, споделување на наши искуства и кои се нашите очекувања како група во целост.

Секој ден ни почнуваше со energizer и тим билдинг, каде што тековниот ден беше исполнет со работилници и работни задачи поврзани со насловот. Исто така, секој ден ни почнуваше и завршуваше со состанок меѓу учесниците, додека тим лидерите има состанок со организаторот на проектот.
Во текот на проектот, два дена беа посветени за волонтерски активности на локално ниво, во соработка со локални НВО.

IMG-32ae11f3cadc05e7a49724ccfe12a1b8-V

  1. Еко-акција на плажата Барселонета. На секој учесник му беше доделена соодветна опрема со која може да биде дел од еко-акцијата. Оваа акција беше спроведена со локална НВО, која два пати во неделата ја организира оваа акција. Целта на оваа акција беше да се собере отпадот и отпушоците кои беа фрлени на плажата од страна на посетителите.
  2.  Волонтерска акција во Madre Coraje- организација која се занимава со  хуманитарна помош, односно со собирање и складирање на second-hand предмети и облека, која по нивната продажба средствата кои се собрани се донираат на социјално загрозени семејства во светот. Целта на оваа акција беше да се помогне во распоредување, редење и пакување на производите во двете продавници во кои учесниците беа распоредени.

Во текот на проектот имавме и интеркултурна вечер, каде што секој од државите имаше своја посебна маса со традиционална храна и пијалок од нивната земја, односно артикли по кои се препознатливи како држава. Во склоп на интеркултурната вечер се направи и мала презентација за нашата НВО, нашата држава и нашата култура.

Исто така, проектот беше воден од фасилитатор кој максимално се вложуваше за да не упати во главната идеја на темата. Сите учесници беа максимално вклучени во работилниците, кои поголемиот дел беа работени во групи, но имаше и задачи кои што моравме да ги извршуваме секој поединечно.

По завршувањето на последната вечера, имавме официјален настан на кои ни беше доделен Youthpass, со кој официјално и ја завршивме младинската размена.

Голема благодарност, до Волонтерски Центар Скопје кој ни ја овозможи оваа прилика да бидеме дел од овој проект. Покрај ширењето на нови познаства, преку овие проекти се отвараат нови хоризонти на размислување кои можат многу да делуваат во промена на приватно и професионално поле.

IMG-fb630ba03644932c571757647073ce34-V

Дарко Трајкоски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: