Звукот на тишината

Денес постојано сме опколени со музика и различни форми на звуци. Од музика на нашите телефони, до техно концерти или едноставни свирки во баровите, нашите уши се изложени на музика во секое време. Иако целта е забава, треба да се биде внимателен! Зошто треба да бидеме активни во слушањето?

Увото: Комплициран орган!

Најпрво, треба да го објасниме начинот на кој што функционира овој неверојатен орган кој ни дава огромно задоволство. Се состои од три различни делови: надворешно, средно и внатрешно уво. Звукот кој потекнува од надворешното уво (делот кој што можеме да го видиме) се пренесува до внатрешното уво преку осцилации во средното уво. Од таму, звукот се пренесува до мозокот, каде што се наоѓа опасноста!

audio-2028515_1280

Аудиторно капитален концепт.

Во внатрешното уво се наоѓа мал орган кој се состои од влакнести клетки кои се потопени во течност. Овие клетки даваат различни вибрации, зависно од притисокот во воздухот: со други зборови звукот! Имаме точно одреден број на влакнести клетки (околу 16000) и овој број е многу нежен! Поточно, звуци со многу високо ниво на врева, може да ги уништат овие клетки, кои не се регенрираат повторно откако еднаш ќе бидат уништени: и со тоа се добива оштетување на звукот. Освен оштетување на звукот, уништувањето на овие клетки може да доведе и други проблеми како што се: тинитис (свиркање во увото), хиперакусис (чуствување болка при слушање на наједноставните звуци во нашето секојдневие).

jon-tyson-fgLoM6NeMvc-unsplash

Како да препознаете дали се наоѓате во ризична ситуација?

Секако знаете дека одењето во библиотека или читање на книга во вашата соба не претставува ризична ситуација. Меѓутоа, многу е важно да обрнувате внимание на нивото на звуците секогаш кога влегувате во просторија со силна врева (бар, концерт…). Согласно скалата за звуци, ризикот започнува на ниво од 85 dB, но поголем проблем се појавува на ниво од околу 90 dB. Поголемиот дел од времето, нивото на звук во бар каде што има некаков концерт може да достигне ниво од 105 dB или повеќе! На ова ниво, изложеност на тој тип на звук повеќе од 1.5 минути може да претставува ризик за вашиот слух. Денес, 16% од возрасната популација во Европскаата Унија, страда од значајно оштетување на звукот (повеќе од 25 dB)!

pexels-92084crop

Значи, како да се заштитиме?

Секако дека можеме да се заштитиме од овој проблем и решението е многу лесно! Прво треба да користиме тампони за уши (треба!), за да бидеме заштитени и да можеме поубаво да уживаме во концертот. Тие се многу ефтини и лесни за користење, и се ефективен начин за заштита (можат да го намалат нивото на звукот за 30 dB). Покрај тоа, тие се многу лесни за носење. Не е препорачливо да бидете во првите редови на концертите, звукот сигурно ќе биде многу гласен, а и најдобро ќе ја слушате музиката доколку се наоѓате во средината на просторијата, па зошто да не уживате повеќе? Не се плашете за време на вакви настани, да излезете накратко надвор и да разговарате на тивко неколку минути! Кога ќе заврши концертот, убаво е да направите пауза од гласни локации неколку часа (или доколку можете, еден цел ден).

За крај, со овие совети, спремни сте да уживате во концертите и на тој начин повеќе да уживате во животот! И ако некој ви каже дека изгледате смешно со ушните тампони (што сигурно ќе се случи), пробајте и на него да му ја пренесете пораката, па на тој начин да помогнете повеќе луѓе да си го зачуваат слухот.

Тангуи Паје
Преведувачка: Маја Колеска

Извори:
https://www.amplifon.com/fr/reconnaitre-perte-d-audition/prevenir-perte-d-audition/protection -oreilles-concert
https://www.futura-sciences.com/sante/definitions/biologie-cochlee-6342/
http://sante.lefigaro.fr/sante/organe/oreilles/quest-ce-que-cest
https://fr.wikipedia.org/wiki/Protection_auditive#cite_note-26 http://www.qualitynights.be/fr/comment-proteger-ses-oreilles/

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: