Дали конфликтот е само недоразбирање?

Младинските работници а воопшто и младите во целина со глобализацијата и динамиката на времeто се помалку се разбираат. Главна причина за тоа е претпоставката дека другата страна подразбира што сакаме да кажеме.

Следствено младинските работници и младите имаат потреба да ги подобрат своите компетенции и способноста да ги решаваат конфликтите кои се резултат на тие недоразбирања. Со цел да се надоградат способностите на младинските работници, да се разменат искуства и праксите во останатите земји како и да се споделат предизвиците со кои се соочуваат младинските работници – организиран беше тренинг курс на тема конфликт менаџмент. Тренингот беше организиран во рамки на проектот “Get updated: Project for professional development of Youth Workers” финансиран од страна на Ерасмус+ програмата, реализиран од Волонтерски Центар Скопје во соработка со апликантот на проектот Fayo Foundation од Велика Британија.

Во Струга учествуваа младински работници од 15 земји меѓу кои и: Велика Британија, Финска, Италија, Романија, Германија, Хрватска, Шпанија, Унгарија, Бугарија, Полска, Шведска и Норвешка.

Младинските работници на тренинг курсот создадоа и мал буклет со цел да ги споделат своите пракси со останатите колеги. Буклетот може да се најде на следниот линк:
https://issuu.com/vcsvoices/docs/booklet_-_emotional_and_conflict_managment_page

Вафире Мухареми

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close