Контакт Семинар во Полска

Од 1 до8 декември 2019 година се одржа контакт семинар во Зебжедовице – Полска со работен наслов”From EVS to ESC: Experimental Learning in Volunteering” организиран од Fundacja Europejski Instytut Outsourcingu.

Главните цели на проектот беа:да се обучат младинските работници да стекнат знаења и вештини за ефективна работа со млади, особено млади кои се соочуваат со недостиг од можности, да се овозможи простор за интеркултурно разбирање и запознавање со реалноста во земјите-домаќини, да се изработи стратегија за вклучување на младите кои немаат доволно можности во ЕСЦ, како и да се унапреди квалитетот на младинската работа преку меѓународна соработка и волонтирање. Исто така, со оглед на тоа дека стануваше збор за контакт семинар, тоа беше можност за организациите да воспостават поблиска соработка и да разменат искуства и знаења.

IMG_20191202_134545

Освен нас како преставници од Волонтерски Центар Скопје (Република Северна Македонија), учествуваа и преставници од Полска, Турција,Украина, Германија, Португалија, Ерменија, Грузија, Белорусија иМолдавија.

Првиот ден беше слободен и беше искористен за меѓусебно запознавање со другите учесници. Вториот ден почна работниот дел каде што на почетокот беа претставени целите и очекувањата на проектот, како и распоредот на активности за наредните денови.Во текот на неколку вечери, учесниците ги преставија своите земји со кратка презентација, традиционална музика, производи и храна.

78927319_722623191480047_5925027729815633920_n78228287_427628281514988_7479209753801916416_n77064341_608289513311546_5822361883839037440_n

Во наредните денови се одржуваа работилници каде што преку различни методи учевме за разни видови на алатки кои младинските работници и организации ги користат за подготвување, мотивирање, претприемништво, анимирање на волонтеритесо цел да им се олесни престојот и да им се овозможи успешно извршување на нивните активности. Овие алатки може да вклучуваат игри иорганизирање на различни културни или забавни активности. Учесниците ги споделија и своите знаења и искуства во употребата на слични алатки. Поделени во мали групи, имавме задача да направиме проект, во кој се содржани сите фази и истиот да го презентираме. Дел од задачите ги извршувавме во мали групи, но секогаш во различен состав, со што беше овозможена размена на идеи, мислења и искуства на учесниците.

Четвртата вечер беше организирана полска вечер во која уживавме во полски специјалитети и пијалоци, како и традиционална народна музика.

79419016_831651760612227_4050580740574806016_n

Во текот на семинарот беше организирана и постер-презентации, во чии рамки учесниците претставија информации за своите организации, така што секој можеше да дознаенешто повеќе за организациите. Со тоа, имавме можност да ги презентираме активностите на Волонтерски Центар Скопје, како и да дознаеме повеќе за другите организации.

Претпоследниот ден беше резервиран за групно патување, при што го посетивме градот Чешин (Cieszyn). За мене интересно беше тоа што градот се простира на територијата на две држави:десната страна се наоѓа во Република Полска, додека леватаприпаѓа на Република Чешка. На реката Олза, која го дели градот, се наоѓа мост којшто претставува граница, така што со едната нога можете да стоите во Полска, а со другата во Чешка.

IMG_20191202_144702

Слободното време го користев разгледувајќи го гратчето со име кое за мене беше предизвик да научам да го изговорам – Зебжедовице. Тоа е мало гратче сместено во природасо традиционална полска архитектура и убаво мало езеро.

Последниот денни беа презентирани програмата Еразмус + и други програми и сајтови на невладини организации кои одржуваат обуки и тренинзи за младински работници. Потоа беше организирана забава за испраќање во која си разменивме подароци по принципот на secret santa.

Ова беше убаво искуство во кое имаше многу учење и работа, но и многу забава и дружење, а организаторите се погрижија се да биде во ред, секогаш беа тука за нас и придонесоа за успешноста на проектот.

Јосип Гегај

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: