Тренинг курс “Creative writing as a tool for community change”

Тренинг курс

“Creative writing as a tool for community change”

Струга, Македонија

09.12.2019-17.12.2019

P1090784

Во периодот помеѓу 09.12.2019-17.12.2019 во Струга, Македонија на тренинг курсот „Креативно пишување како алатка за правење промени во заедницата“ учествуваа 27 ентузијасти за креативно пишување од 9 земји, имено, Македонија, Романија, Италија, Шпанија, Финска, Норвешка, Шведска, Данска и Англија. За време на овие денови се запознавме со основите на креативното пишување и неговите разни употреби. Преку разни активности и работилници ни беше објаснат процесот и примената на креативното пишување кои исто така и практично ги применивме.

P1090544P1090651

Секој ден почнувавме со кратки игри за активирање на телото и умот како вовед на работилниците. Потоа, денот ни беше исполнет со работилници поврзани со разни аспекти на креативното пишување. Поголем дел од работилниците беа во групи, но имаше и активности кои ги извршувавме индивидуално, кои потоа ги споделувавме. На крајот од денот имавме состаноци за евалуација и осврнување на самиот ден. Поделени во групи, го кажувавме своето мислење и став за програмата во текот на денот, а потоа нашите коментари беа проследени од еден член на групата до организаторите на проектот, со цел подобрување на одредени нешта и задржување на работите што ни се допаѓаа.

P1090568Еден ден ни беше посветен на работилници на терен, кои беа со цел да добиеме многу корисно и вредно искуство од прва рака како функционираат различни невладини организации. Преку неколку работилници научивме нешто повеќе за стереотипите, предрасудите и дискриминацијата и како можеме да се бориме против нив преку нашето креативно пишување.

Секој ден, времето по вечерата ни беше наменето за интеркултурна вечер каде што се запознававме со меѓусебните култури. Сите учесници имаа по нешто спремено за да ја претстават нивната држава во најдобро светло и да ни ја приближат нивната култура.

На крајот од овој проект детално се запознавме со Еразмус+ програмата и волонтерските активности и можности кои ги нуди. Крајот на нашиот тренинг курс се официјализира со мала полу-формална забава на која ни беа доделени сертификатите за присуство на овој проект, или Youthpass.

P1090935

Овој проект ни овозможи да се стекнеме со значително искуство и извонредно практично знаење за тоа како креативното пишување може да се користи како алатка за промена во заедницата, победувајќи ги стереотипите, предрасудите и дискриминацијата. Како поединци и учесници особено нѐ прави задоволни и горди што бевме дел од овој проект во чија реализација го вложивме нашиот труд, време, волја и енергија.

Изабела Целевска
Елена Бадалоска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: