Тие се луѓе кои потекнуваат од северниот дел на Русија, Финска, Шведска и Норвешка, во регион кој се нарекува Sápmi. Овој текст е за нивната древна религија.
Древната митологија на луѓето Sámi била религија за природата, која го претставувала универзумот на три нивоа: небесниот свет, светот на земјата и светот во подземјето. Нивното гледање кон светот може да се опише како спојување со природата и постанување на една целина. Тие разбирале дека човекот е дел од природата. Се верувало дека кршењето на рамнотежата на односот со природата, ќе предизвика намалување на моќта на човекот. Главно верување било дека СЕ има свој дух: луѓето, животните, растенијата, камењата, островите, земјата, океанот, воздухот, вселената….
Боговите пред христијанското време
Боговите биле поделени во три групи и секој бог имал свои одговорности. Небесните богови го одржувале редот во светот и ги контролирале моќите на природата, како ветрот и громот. Боговите на земјата имале како задача да се грижат за работи како лов и вегетација. Боговите на подземјето владееле со смрта и болестите. Луѓето жртвувале животни за боговите да ја одржуваат рамнотежата на природата и како желба за добра среќа.
Натприродни суштества
Духовите на природата биле суштества кои владееле и надгледувале еден регион. Се верувало дека секој природен објект имал свој природен дух, на пример дрвата и камењата имале дух исто како и луѓето. Нивната цел била грижа и заштита на луѓето и надгледување на односот и моралот во општеството.
Тие се разликувале од боговите, така што понекогаш си дозволувале да бидат видени од човекот. Нивната апостазија била предупредување против абнормален однос или како предупредување за проблеми во иднината. Луѓето не морале да жртвуваат ништо за духовите на природата, само требало да зборуваат убаво за нив во секојдневните разговори.
Подземните суштества, како гномовите може да се објаснат како пола-луѓе, бидејќи имале сличен лик како човекот. Меѓутоа тие биле поубави, побогати и посреќни и многу сакале луѓето со нив да се однесуваат на добар начин и со почит. Тие биле олицетворение на тоа како би изгледале доколку живееме во перфектен свет. Нивната цел била да им помагаат на луѓето и да им делат совети.
Тие биле објаснувани како добри и пријателски суштества, но не секогаш. Имало верување дека ако некое дете страда од болка или некое друго нарушување, тогаш гномовите дошле во градот и го замениле човечкото дете со старец од популацијата на гномови.
Шамани и вештерки
Шаманизмот претставувал еден тип на културна форма. Шаманите биле религиозни експерти кои служеле како медијатори помеѓу луѓето и силите кои владеат во светот. Зборот шаман значи ,,човек кој знае’’. Тие знаеле како да пеат шамански песни, да искажуваат магии, да лечат и да патуваат преку подземјето.
Вештерките знаеле да практикуваат шаманизам. Тие лекувале и имале способност да патуваат низ различни светови и да ги враќаат изгубените души на луѓето од подземјето. Кога некоја вештерка била повикана да лекува, имало ритуал во кој преку транс, се посетувало подземјето и со отчукување на тапан се свирела шаманска песна. Се верувало дека подземјето е превртен простор, и луѓето во подзмејето оделе со нозете спроти нашите нозе.
Тапанот на шаманот го отсликува животот на универзумот во сегашноста, минатото и иднината. Тапанот бил направен од кожа на елен и дрво. Секој тапан имал свој ритам и симболи кои означувале кој го користи тапанот и за која прилика.
Душа
Се верувало дека луѓето имаат повеќе духовни димензии кои биле дел од душата. Постоел ,,дух на животот’’ кој се наоѓал во коските. Според верувањата, ако коските на мртовецот се закопале цели, без да се оштетат, големите сили на подземјето можеле да изградат ново тело за починатиот. Истото се однесувало и за луѓето и за животните. ,,Духот на душата’’ го одржувал животот во телото и кога ќе го напуштел телото, човекот умирал. ,,Слободниот дух’’ се движел слободно и надвор од телото, на пример за време на транс. Се верувало дека има духовна димензија која му го давала идентитетот на човекот, кој најчесто го добивал од предците. Исто така, постоел и ,,дух другар’’ кој се појавувал како привидување и бил олецитворение на духот на природата на самиот човек, кој се грижел за човековото битие и за човековата среќа. Тој дух бил бесмртен и се движел околу гробот на човекот кој го поседувал.
Голем дел од обичаите, митовите и традициите на шаманската култура се изгубиле преку времето. Меѓутоа и ден денес, многу голем дел од обичаите се пренесуваат од генерација на генерација во форма на фолклор. Денес има проекти кои го истражуваат ова многу интересно верување и културата на Sámi луѓето и нивните надежи нема никогаш целосно да исчезнат.
————————————
Кирси Суоми
Преведувачка: Маја Колеска
Извори:
http://www.samimuseum.fi/maahisweb/suomi/tieto_kertojien.html
https://www.samediggi.fi/saamelaiset-info/
https://unric.org/fi/pohjois-euroopan-saamelaiset-yksi-kansa-neljae-maata/
http://senc.hum.helsinki.fi/wiki/Etusivu
Leave a Reply