Дванаесет зрна бело грозје за среќна нова година

На југот од Шпанија веруваат дека за нова година на полноќ треба да изедеш 12 зрна бело грозје за да имаш среќа во новата година. Тоа што е исто така интересно е дека нема да забележите полни ресторани и барови со локални жители, таму ќе видите само туристи. Локалните жители, без оглед на нивната возраст за новогодишната ноќ, се со нивното најблиско семејство. Вечераат и гледаат новогодишна програма и чекаат да дојде полноќ. Некои од нив излегуваат на централниот плоштад за да јадат грозје, а други тоа го прават дома со своето семејство. Потоа помладите излегуваат и продолжуваат да се забавуваат во некој ноќен бар или дискотека.

Божиќ е уште еден празник кој тука се прославува поинаку од кај нас. Покрај тоа што во Шпанија се слави Католички Божиќ, односно една недела пред нова година и начинот на кој се прославува е поинаков. Тука генерално луѓето доцна (во 10 а некои и во 11 навечер) вечераат, а самата вечера е обилна. За разлика од нашата бадникова вечера која содржи одредени состојки кои треба да ги има на трпезата и притоа да е посно. Овдека луѓето приготвуваат што сакаат, но најчесто тоа е морска храна или свинско месо. И додека ние ја сервираме храната во големи чинии за да може секој да си земе што сака и колку сака, овдека ти даваат порција. Исто како во ресторан, па без оглед дали ти е малку или многу тоа што е во твојата чинија треба да биде изедено. Па така има пред јадење, главно јадење и секако десерт.

IMG_20200107_145839_645

На шести јануари, кога празнуваме Бадник, овдека во Шпанија се слават трите крала и тогаш луѓето си даваат подароци. Но јас одлучив да останам верна на традицијата и да приготвам вечера, па поканив неколку луѓе од организацијата на гости. Стравував дека поради нивниот празник многумина не ќе можат да дојдат, но токму напротив почнаа да ми се јавуваат и да ме прашуваат дали со себе може да дојде уште некој. Бев навистина среќна што покажаа интерес за нашиот голем празник. Чинам дека лепчето со паричка за нив беше најинтересен момент од вечерата и покрај тоа што паричката беше кај Господ. Додека најголемо „разочарување“ тоа што немаме нешто чоколадно како десерт. Бидејќи немав многу божиќни украси, особено традиционалното бадникарско гранче. Решив да си направам т.е. нацртам на еден лист. Кој на крајот се претвори во нов сувенир и спомен од овој проект во Малага, Шпанија бидејќи пред да си заминат моите гости, самоиницијативно почнаа да се потпишуваат на истиот во знак на благодарност.

IMG-20200123-WA0000

Празниците завршија, сите се вративме на својата работа, но нешто необично се случи во Малага. Нешто што со години или подобро кажано со децении наназад не се случило овдека на југот. Падна првиот снег после 66 години. Да добро прочитавте после 66 години во Малага повторно падна снег. Последен пат во Малага имоало снег во 1954 година, според некои овдешни жители, а истиот податок го најдовме на интернет со моите колеги, со оглед дека се млади и не памтат дека имало до сега снег во Малга. Многу луѓе не знаеа како да одат, како да се однесуваат, што да прават во таков момент. Имаше такви кои му се радуваа, но и такви кои го пцуеа снегот, а јас седев и фаќав сеир како типична личност од Балканот. Радоста не траеше долго, по неколку часа снегот кој повеќе личеше на голема количина паднат град се стопи. Цела недела ја поминавме во дожд и грмотевици бидејќи бевме зафатени од тн. циклонот Глорија. И додека сите мои колеги се криеа под бироата или се штрекнуваа од громовите, јас заоѓав од смеење затоа што тоа невреме тука е сосема нормално за нас.

Јелена

Categories Articles, Македонски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close