„Соседство на Младинските центри во Европа“: Бремен

Пишувам повторно, a овој пат станува збор за резиме на впечатоците од вториот дел од Студиската посета што се одржа во Бремен – Германија, спроведена во рамките на проектот „Соседство на младински центри во Европа“.

dav

Прво, би сакал да кажам дека беше навистина убаво чувство повторно да се сретнеме со луѓето кои беа дел од Студиската посета во Антверпен и во исто време да имајќи ја можност да се сретнам со новите учесници кои претставуваа различни земји и нивните НВО-а или Младински центри. Во меѓувреме, ќе го истакнам фактот дека оваа студиска посета беше интересна како и првата, и иако беше поинаку организирана, беше многу плодна и корисна за сите нас. За време на нашето време таму, имавме можност да посетиме разни организации и младински центри, дознавајќи повеќе информации во врска со нивната секојдневна работа како и работа во заедницата, различните методи за програми за младите, просториите што им се на располагање, поддршката и финансиската помош што ја добиваат од локалните и национални институции и многу повеќе. Друг интересен детал е дека за време на нашиот престој таму, имавме неверојатна можност да работиме со членовите на групата на мрежно поврзување и развој на идеи за можни идни партнерски проекти. Сесиите и активностите беа совршено модерирани од страна на фасилитаторите, кои беа многу креативни и ни помогнаа да имаме безброј корисни дискусии и да разменуваме идеи. Сè што можам да кажам е дека за мене како младински работник и како координатор на „Центарот за млади и заедница“ во мојот роден град Гостивар, ова беше непроценливо искуство што ќе ми биде од голема корист во мојата секојдневна работа.

davdav

Голема благодарност до организацијата „Волонтерски Центар Скопје“ која што ни го овозможи учеството, домаќините од “Natur Kultur EV” – Германија, координаторите на проектот и фасилитаторите од “Art of the Box” – Белгија и сите учесници од партнерските организации.

dav

Со нетрпение очекуваме да ги видиме сите учесници повторно на третиот и последен дел од проектот што ќе се одржи во Скопје во блиска иднина.

Елтон Јашари

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: