Изминатиот месец, во Агеда – Португалија, 32 младински работници од 8 држави помеѓу кои: Грција, Литванија, Полска, Словенија, Италија, Шпанија, Португалија и Македонија разговараа за создавање нови стратегии за млади.
Низ интерактивните предавања се дискутираше за отсуството на младински стратегии кои се клучни за да го зајакнат социјалниот дијалог и културната разновидност.
Неколку Европски градови, помеѓу кои: Каскас, Торино, Марибор, Клуж-Напока, Солун и Брага, ги споделија своите искуства како European youth capitals.
„Беше вистинско задоволство да се биде дел од овој семинар и да се соработува со нашите партнери од Агеда. Овој семинар ни овозожи сето она што го очекувавме, па дури и повеќе. Работевме во пријателска, интернационална средина, вмрежување, споделување на добри практики, нови пријателства, партнери и идеи за идни проекти. Агеда е вистинското место да се биде!“ – Горан Галабов – Македонија
„На семинарот во Агеда, ние, како млади бевме вклучени во создавањето на нови идеи, решенија и стратегии за тоа како да ги подобриме условите во градовите за наредните години. Се собравме заедно со луѓе од различни држави. За време на семинарот, споделивме не само идеи но и нашите култури. Исто така, ги презентиравме и нашите карактеристични храна и пијалоци.“ – Јања Разпотник – Словенија
“Овој семинар ни овозможи да научиме и да се инспирираме од искуствата на другите земји. Тука јас запознав многу убави луѓе од различни земји кои секогаш ќе ми останат во срцето“ – Лупе Санчез Лосада – Шпанија
“Имав поинакви очекувања пред да дојдам на Семинарот. Најдоброто од ова искуство во Агда, без сомнение е запознавањето и разговарање со луѓе од други земји за нашите култури, нашите сличности и разлики…Запознавањето нови пријатели од цела Европа, тоа е најдобриот подарок што оваа можност ни го пружи…” – Канделас Рамос – Шпанија
Социјално вклучување и социјалниот дијалог на младите луѓе во Европа се клучни за развивањето на европскиот младински идентитет. Од позитивните примери, учесниците ја увидоа важноста на вклучувањето на форматот на неформално образование како методологија и ја понесоа со себе интернационализацијата на работата на младинските организации која е неопходна за вмрежување на младите ширум Европа и светот.
Ангела Рајчевска
Leave a Reply