Колку креативното пишување може да се искористи како алатка за менување на свеста во општеството беше тема на разговор меѓу студентите на Филолошкиот факултет – отсек Англиски јазик и Книжевност на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Елена Бадалоска и Изабела Целевска на своите колеги им ги презентираа впечатоците, искуството и знаењето стекнати на тренинг-курсот под наслов: „Креативното пишување како алатка за промени во општеството“ што во рамките на Еразмус+ програмата на Европската комисија се одржа во Струга во периодот од 9 до 17 декември минатата година.
Целта на тренинг-курсот во организација на Волонтерски центар Скопје и на финскиот партнер „Пунтланд“ беше да се научат соодветни техники и методи за спротиставување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.
Leave a Reply