Не сакам да судам, особено кога станува збор за луѓе кои не ги ни познавам, а ги сакам во мојот живот. Да осудуваш е ограничување. Понекогаш, можеме да бидеме слепи за прекрасни луѓе и да си ускратиме неверојатни искуства со нив затоа што не ги исполниле карактеристиките што претходно сме ги утврдиле како суштински. На тој начин, ние дури и не им дозволуваме да влезат во нашиот живот, бидејќи на прв поглед не се совпаѓаат со списоците со желби што ги имаме.
Судењето е синоним за ограничување. Сепак, неопходно е да се дефинираат некои елементи за да има параметри и критериуми. На крајот на краиштата, без минимална прецизност во врска со вашата потрага, нема да знаете кога ќе го пронајдете она што го барате. Па, еве еден рецепт, со основните барања што ги барам кај еден пријател.
Се бара пријател. Посакувани карактеристики:
Општо: воопшто не е важна бојата, висината, потеклото. Религија, вера. Можеш да бидеш од акварел, изработен со нијанси на разни бои. Всушност, колку повеќе шарени, толку подобро. Голем или мал акварел, џуџе или гигант. Човечки. Со креативна форма, изработена од уникатен дизајн кого животот и искуството го обликувале со времето. Единствената големина за која што не дозволувам варијации е просторот за прегратка. Мора да биде огромен. А прегратката да биде многу интензивна. Подготвена во секое време да биде тука за мене, да ме поддржува кога плачам, да се смееме кога ќе се радувам, да споделуваме маѓепсана тишина. Твојата прегратка да биде голема колку и твојата личност за да одговара на мојата. И да е способна да споделува многу моменти.
Може да бидеш Европеец, Азиец, Африканец, од Америка… или постојан номад, „вечен скитник“, но секогаш отворен и толерантен. Да знаеш да зборуваш на јазик соодветен на различни ситуации и расположенија, да облечеш костум соодветен на мојата возраст и обичаи како што јас ќе го направам тоа за возврат.
Може да веруваш во бог или во повеќе од нив, во Мојсеј, Исус, Мухамед, Буда или Шива. Или во ниту еден од нив. Може да веруваш во напишано сценарио од „горе“, да веруваш во универзумот, но можеби ќе дознаеш и дека непредвидени работи (лоши или добри), сепак, се случуваат. Меѓутоа, апсолутно верувај во мене и никогаш не се сомневај во мене. Нека моите планови никогаш не се исполнат, моите болки никогаш не се сатиризираат, моите стравови никогаш не се претворат во страшна приказна или смеа за некои други. Имај верба во мене, во моето постоење, во мојата способност да се развивам и да станам подобра личност.
Лице: најистакната карактеристика на лицето треба да ти биде насмевката. Трајна насмевка, без оглед на сезоната или околностите. Топла и светлечка насмевка. Најмалку истакната карактеристика на твоето лице треба да биде веѓата, особено ако си склон да се намуртиш. Тоа ме вознемирува. Што се однесува до очите, нека бидат од бојата на надежта. Изгледот нека биде пријателски и привлечен, позитивен кон малите работи. Поглед кој знае како да ја идентификува вечноста на споделениот момент.
Срце: меко. По можност помеко од чоколадо или желе. Меко наспроти тврдо, дебелокожно, недопирливо. Податливо, емпатично, полно со разбирање. Толку меко за да може да се стави во чевлите на другите луѓе, па и на моите, за да ја почувствува нивната болка без да страда. Меко со мудрост и свесност дека не може да ја испумпа крвта и проблемите на другата личност без нужно да го преоптоварува сопствениот пат.
Нека биде меко, во смисла дека не се крши кога е удрено, туку го враќа интензитетот со еднаква тежина и секогаш има тенденција да се балансира. Нека биде љубезно со допирот на раката. И кон друго срце. Да воспостави врска да нема многу систематски систем – толку смешно колку што и звучи. Нека биде внимателно кон малите гестови што се од огромно значење. Меѓутоа, твоето срце нека не биде нечувствително на уметноста на импровизацијата, ниту многу некомпетентно во тоа. Можеби ќе знаеш дека непредвидените работи (на подобро и на полошо) понекогаш се случуваат.
Нека твоето срце биде цврсто и постојано, но не и непробојно. Срцето мора да знае да ја препознае тоскичноста и да се ослободи од неа. Да го идентификува моето присуство и да биде силно кога ќе дојде на до вратата на моето срце. Сепак, твоето срце мора да биде малку поопуштено и помалку ригидно во врска со моите грешки. Тие ќе бидат многу. Ќе излудуваат. Тие се доказ за мојот најлош дел, како и, сепак, мојојот најдобар: мојата хуманост.
Прости ги моите грешки, заборави ги моите пропусти, запомни ги моите неволји, смеј се кога ќе поминат, љубезно посочи ги моите грешки и никогаш не пропуштај шанса да ме направиш подобра личност, свесна за моите граници и моите несовршености што ги прифаќаш, а на кои работам за да ги надминам. И умеј да ме сакаш. Биди подготвен да ме слушаш, да ми посветиш внимание, јас ќе ти возвратам.
Не можам да го прашам духот од ламбата, затоа што ти, драг пријателе, не можеш да се материјализираш во чад и од полиран метал. Можам само да го прашам универзумот и да го формулирам моето барање со зборови, така што кога ќе смета дека е остварливо и кога вибрирам правилно, да ми испрати кандидат, а потоа можеби ќе треба волонтер за итна помош.
Се бара пријател. Слободно истапи напред, доколку си заинтересиран.
Виторија Ацерби
Превод: Горан Адамовски
Leave a Reply