Добредојде Догукан – нашиот нов волонтер од Турција!

Merhaba! Јас сум Догукан, имам 23 години и доаѓам од Турција. Живеам во Кападокија (воздушни балони, оџаци од бајките…). Студирам на Универзитетот „Невшехир“ и имам уште еден семестар до дипломирање. Уште на првата година од студиите сфатив дека луѓето можат да прават луди нешта само поради младоста или само заради тоа што се млади.

Па, еве ме, ја напуштив својата комфорна зона и дојдов тука. Живеам во различна земја, зборувам различен јазик, јадам различна храна. Различноста не прави посилни.
Луѓето можат да научат многу на универзитите, но сите знаеме дека не е возможно да научиме се од книгите. Тука сум да го научам токму тоа што го нема во книгите. Секој човек е посебна книга и ќе се обидам да научам по нешто од секого.

Веќе три години сум волонтер на Турските образовни волонтери. Сакам да бидам волонтер затоа што помагањето на луѓето, особено кон децата без притоа да имаш никакви очекувања ме прави корисен и посреќен. Сакам да учам нови нешта, нови јазици. Самиот сум ментор на шест студенти на мојот универзитет. Во основа, им го споделувам моето искуство што го стекнав на локални и меѓународни проекти.

Еден ден, кога ќе бидам татко, на своите деца би сакал да им раскажувам вистински стории, а не за девојки со коси долги по осум метри. Не, туку за тоа што е волонтирањето и за волонтерите кои несебично им помагаат на луѓето. Среќата е внатре во нашите срца.

Со нетрпение чекам да започне мојот десетмесечен престој според ЕСК програмата во Волонтерски центар Скопје.

Догукан Север

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: