Веќе неколку години очигледно е дека тетоважите се појавуваат на кожата кај сѐ повеќе и повеќе луѓе. Од младиот рокер до докторот, тетоважите оставаат зад себе брутални и насилнички претстави за користа на улогата на целата уметност! Ајде да го подготвиме дермографот и заедно да го истражиме овој свет!
Интересна приказна
Практикувано со милениуми, тетоважите се графичка уметност, чие значење е за кожата на луѓето. Пронајдени се египетски мумии кои стари 3000 години, на кои има тетоважи од овци и бикови (може да се видат во Британскиот Музеј). Освен тие мумии, денес знаеме дека тетоважите опстојувале подолго време во различни култури, општества, но не биле географски определени. Од Кина, пред нашата ера до Бритоните во Римското време, поминувајќи ги Полинезиските Острови, тетоважите се расппостранети насекаде низ Светот!
Тетоважи : Целосен симбол
Како што беше предходно споменато, тетоважата се покажа како мултикултурно дело многу рано. Многу одамна, тетоважата била симбол за социјалниот ранг бидејќи била трајна и видлива. На пример, во Јапонија, за подолго време, била користена како казна за криминалците. Во денешно време се поврзува со Земјата каде што изгрева Сонцето бидејќи има интимна приказна со Јакуза, локалниот подземен свет. Тие гангстери го користеле ова како оружје за да се распознаат еден помеѓу друг. Бидејќи тие треба на некој начин да бидат прикриени, тетоважите на Јакуза ги има како фрески наречени Ирезуми кои се наоѓаат на грбот или по цело тело. Секој цртеж си има свое значење : Кои би значело мотивација и упорност, змејот би симболозирал сила и чест.
На тотално различен начин, во Полинезија, “тетоважата го претставува тоа што се наоѓа најдлабоко во човекот”. Честопати во црно, Tatau (од каде што произлегува зборот тетоважа), се прикажува преминот од адолесценцијата до зрелоста. Низ низата на кадари/патерни/ дизајни (желки, заби од ајкула, крст и сл.), овие тетоважи го прикажувале карактерот на најдобриот можен начин. Има и важен индикатор на социјалниот ранг бидејќи што повеќе се тетовирал некој, толку повисок станувал неговиот ранг.
Мастилото не избледува
Во 21-ви век, тетоважата има целосно нов облик. Иако тетоважите кои ги нарекуваме традиционални сеуште постојат, тетоважата се открива во попопуларна форма. Деновиве во Франција, на пример, има повеќе од 18% луѓе со тетоважи (над 18 години). Зошто е ова главниот интерес? Прво, еволуцијата на материјалите и разните закони за продуктите (мастило, игли…) и хигиената се подобрени. Згора на тоа, спрема еволуцијата на општеството и постоењето на тетоважите во поп културите, станува сѐ повеќе и повеќе прифатено. Ние се приклучуваме на диверзитетот на стиловите. Знаејќи дека тетоважата е уметност која е направена од уметник, сите од нив работат, користат инспирација и го откриваат својот стил. Меѓу најпопуларните стилови во моментов се забележува “neo-trad” што е еволуција од старата школа. Нео-традот е многубоен/ шарен стил каде што со помодерни техники се прави подетална работа, се додава сенка, пореалистичен изведба. Забележуваме и многу украсни тетоважи но исто така и минималистички… На крајот, не е можно да се знаат сите стилови, секој мајстор за тетоважи си има свој стил. И конечно, што е мајстор за тетоважи? Личи на многу опширно прашање, па затоа прашавме мајстор за тетоважи во Скопје да ни каже повеќе информации за најзината работа.
Интервју
Дали може на кратко да се претставите?
Јас сум Анета, имам 27 години, јас сум македонски мајстор за тетоважи.
Колку долго сте мајстор за тетоважи и кога го отворивте студиото 11:11?
Јас сум мајстор за тетоважи веќе 2 години, а студиото е отворено од Ноември 2019 година.
Како станавте уметник за тетоважи?
Имам студирано на Универзитетот за Академска уметност. За мене кожата е како нов материјал, нов експеримент. Не знаев што да правам со себеси… Па купив машинка и почнав да се тетовирам. На самата себеси, секако.
Каков е процесот за тетовирање?
Прво, клиентот теба да дојде во студиото со дизајнот, некои идеи за дискусија. Дискутираме за дизајнот, големината и местото каде што сакаат да биде поставена. Потоа, закажуваме термин и почнуваме! Ако клиентот е малолетен и родителите треба да дојдат.
(Ed: ние исто така ќе забележиме дека може да се направи и друг вид на тетоважи: “Flash”. Тоа е претходно нацртано дело на уметникот, ако ви се допаѓа, може тоа да се истетовира. Често се прави на некаков вид на настан/конвенција. Ова го викаме “Walk-in” )
Веќе го спомнавме дизајнот, како би го опишала својот?
Се зависи од тетоважата. На малите тетоважи, не можам да се изразам, клиентите имаат многу специфични идеи. На поголемите тетоважи се чувствувам послободна. Но генерално мене ми се допаѓаат црни, силни линии.
Дали имате забележано еволуција на Светот на тетоважите во Македонија? Какви луѓе доаѓаат да се тетовираат?
Најпрво, да, имам приметено дека има сѐ повеќе студија сега. На секој ќош! За публиката, би кажала дека се движат на возраст од 18 до 30 години. Но мојот татко има 50 години и сега ќе се тетовира затоа мислам дека не се важни годините.
Неколку зборови како заклучок?
Јас работам со страст, а за тетоважата како уметност, веќе многу луѓе во Македонија се свесни за тоа. Исто би кажала дека секој може да стане уметник за татоважи. Само треба многу прецизно да црташ и многу да вежбаш. И секако дека секој може да се тетовира, супер е!
…………………………………….
Тангуи Паје
Преведувачка: Танја Митровска
Фотографии:
https://www.instagram.com/croquiscueilleur/
https://freepngimg.com/miscellaneous/tattoo’
Мајстор за тетоважи:
Annette Malowa
https://www.instagram.com/annette.malowa/
Leave a Reply