Романтичен Свети Валентин

Дали е љубов секоја размена на погледи? Дали е љубов да сакаш посесивно некого. Дали е љубов да осудуваш се што е ново??

meredith-whitman-KSazKUB4T-Y-unsplashДали е љубов да одземеш нечија слобода? Дали е љубомората секси? Дали лошите момчиња се се уште во игра? Дали парите се пред интелектот и пред карактерот? Дали карактерот е болка во минато свршено време? Дали секоја мајка си го сака доволно детето? Дали водењето љубов е љубов и дали љубовта е компромис? Дали сакаш да сакаш или сакаш да бидеш сакан? Дали очите се љубов што за миг минува? Дали верноста е верност само во матично? Дали даваш и очекуваш или даваш за да дадеш, па да спиеш мирно? Дали љубовта е очекување и дали очекувањето е очај? Дали живееш во реалност или гледаш ѓаволчиња? Дали реалноста е реалност или си создаваш своја? Дали болката е бол и на неа ставаш сол? Дали мракот е мрак или ќе запалиш свеќа? Дали розата е во тренд само за 8-ми март и Св. Трифун, и ако розата е во тренд – дали си во тренд? Дали балоните се полни со омраза или со гнев? Дали омразата и гневот си се сестра и брат? Дали можноста и среќата ќе предупредат и ќе ни го зацртаат патот? Дали патот е асфалтиран или има дупки? Дали се крпат тие дупки? Дали „Св.Валентин“ е само за лудо вљубените? Лудата љубов до колку часот трае? Дали караниците се навика или начин на комуникација? Дали знаеш колку е убаво Скопје во населба Влае навечер? Дали знаеш дека те знам? Дека те читам од очи? А беа ли очи или кристали тие твои очи? Остана ли прашање непрашано, остана ли прашина неисчистена? Дали срце делиш кому стигнеш и дали ти се допаѓа тоа? Дали внимаваш на себе колку што внимаваш за другите? Топла ли зима имавме или се уште очекуваме снег во Скопје? Дали сакате да се сакаме или се немаме се уште засакано? Дали љубовта е тешка игра или само привилегирана класа сака да љуби?

heart-1616504_1920Кога Ева од бога се огрешила што вкусила забрането јаболко, дали каснал и Адам од тоа јаболко? Ева сигурно му донела дома на златна тацна. Така изгледа рајот и развратот. За големите умови и големите будали… Треба ли малку одмор да видат? Ако во рајот, сепак, служат грозје во златна тацна – каде можам да се пријавам? Дали пријавувањето во рајот е електронски, на пример со “Рај” картичка, па сите врати да ти се отворени? Кој гарантира дека ќе те примат? Влезеш ли горе, влезеш ли доле, оној кој што бил доле и се искачил до горе знае што треба да се прави и кажува: „Влези слободно на свој ризик“. Секоја врата носи по нешто добро или лошо, зависно како ќе ја сфатиш таа метафора. Полупразна чаша вино, Гневни змии отровници, кои те напаѓаат, шише „Џек Даниелс“, кожена фотелја и кибла мраз, подотворена врата од каде се слушаат гласови на непознати души.

valentine-4805916_1920Внимателно каде чекориш и каде стапнуваш. Нема лошо и добро, црно и бело. Светот сам си го организираш на свој начин и по свои убедувања. Сите сме си слободни како ластовици, а кога грешиме сме како оние птици со главата во песок. Носиш ли добрина – добрина ќе те снајде, носиш ли лоша душа – лошо ќе те снајде.

……………………………………….
Теодор Петковски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: