Мир и рамнотежа – вратете ни ги!

Не е лесно да се најде мир и рамнотежа, посебно во денешно време, во време на пандемија. Преплавени сме со различни информации на социјалните медиуми, ТВ, од нашите пријатели и фамилија, што многу често влијае на тоа како се чувствуваме. Сите ние сме во страв и исчекување поради тоа што немаме контрола над нашите животи. Не знаеме што може да очекуваме, а и никој не знае. Ако сакате да дознаете како да го одржите животот во рамнотежа во вакво време – продолжете да читате.

И еве сме, во свет на дезинформации, каде секој е во паника поради она што го прочитале, а во исто време слушаме од другите дека не треба да паничиме. И навистина, не би требало да паничиме но имаме потполно право да чувствуваме анксиозност, страв, фрустрации, бес и друго што најчесто се опишува како негативно. Всушност тие постојат заедно со другите чувства и се важни исто колку и другите.

diary

И затоа, да се задржи внатрешниот мир и рамнотежа е многу важно да се биде искрен со себе си и да си признаете какви емоции имате поради ситуацијата со која се соочувате. Секогаш е добро да се говори за вашите чувства или да се најде сигурно место да се споделат. Сепак не е возможно секогаш да се зборува за тоа како се чувствуваме и некогаш сме опкружени со луѓе кои не би сакале да навлезат толку длабоко во тоа или кои не се вистински спремни да признаат што навистина чувствуваат. И ова е навистина во ред и треба да го почитуваме тоа.

emma-simpson-mNGaaLeWEp0-unsplashСепак постои уште еден начин, да се биде искрен со своите чувства и истовремено да се чувствува некакво олеснување, а тоа се постигнува со пишување. Не брзајте, полека запишете ги сите ваши чувства. Обидете се да ги именувате. Ако ви е тешко да ги искажете тогаш во неколку реченици запишете што чувствувате. Истовремено обидете се да ги наброите причините кои довеле до тоа. Добро е да се биде свесен за ситуациите кои допринеле така да се чувствувате. Така ќе сфатите дали е до вестите што постојано ги читате или до сликите од вашите пријатели или пак престојот во едно место заедно со вашите најблиски – се што може да доведе да се чувствувате на тој начин. Така може да си одговорите на тоа – со именување и разбирање на изворот.

Не се обидувајте да бидете Г-дин/Г-ѓа Совршени ако така не се чувствувате. Ова е нова ситуација за сите нас и како кај сите нови ситуации, потребно е време да се навикнеме. Затоа и некои луѓе се однесуваат различно или изгубено. Имајте го тоа во предвид.

А потоа, ако го прифатите тоа што го чувствувате и другите луѓе околу вас што би можеле да чувствуваат, вдишете длабоко и да пробаме набрзина со некои начини како да одржиме мир и рамнотежа во животот, посебно за времетраењето на карантинот.

1. Не ги читајте вестите постојано. Ако навистина сакате да бидете во тек со сѐ, тогаш зададете си одредено време секој ден и проверете ги информациите за цел ден. Избегнувајте несигурни извори на информации – ги имаше доста и порано, а сега ги има уште повеќе. Користете ја официјалната страна на институциите за да се информирате за преземените мерки. Исто така може да ја користите и страницата на СЗО (Светска здравствена организација) да бидете во чекор со нивните информации. Не ширете неофицијални информации кои може да доведат до паника. Пожелно е да се поддржуваме.

jared-rice-NTyBbu66_SI-unsplash

2. Планирајте си го денот. Сега сите имаме доста време дома но тоа не значи да не правиме ништо. Да си го планираш денот значи да си активен, да ги ангажираш мислите во своите дневни активности кои всушност и не запреле. Сите имаме училишни задолженија, курсеви и други започнати активности пред времето на карантин. Започнете го денот со план што сакате да правите – планирани состаноци, домашни работи, фитнес, време за игри или читање книги. Може да ги планирате и вашите оброци. Можеби е вистинско време да напредувате во кујната, да пробате нови рецепти и да ги споделите со вашите најблиски. Не се преоптоварувајте – не планирајте премногу. Нема потреба да бидеме совршени во #homeoffice и #dailyroutine од прв момент. Бидете внимателни со себе и грижете се за себе со многу внимание. Важно е да се запомни дека планот е да се биде порелаксиран, не со повеќе стрес.

3. Одморете се малку. Луѓето помислуваат дека ако остануваме дома не би требало толку лесно да се замориме. Сепак тоа не е така. Умствената работа и да се биде дел од ваква нестабилна состојба не прави да се замориме повеќе. Нашите очи исто така повеќе се заморуваат со поминување повеќе време на компјутер. Полека со сѐ. Одете на спиење порано или едноставно направете пауза во тек на денот. Спремете си шоља добар чај или кафе и уживајте. Може да искористите дел од времето за сопствена нега, да го негувате телото и организмот. Не помислувајте дека треба да бидете несреќни во овие денови. Тежки времиња се но сеуште можете да уживате во ситните задоволства.

4. Вежбајте нешто и не заборавајте на физичките активности. Дури и да се 15-минутни чучнувања во вашата соба, тоа е доволно да бидете активни и да се продуцираат позитивни хормни. Исто така може да вежбате Јога или едноставна медитација. Ако може да излезете барем на 15 минути надвор, излезете и искористете колку можете од времето. Обидете се да дишете длабоко и гледајте во зелените површини.

dustin-belt-lg4fM9Y2pGg-unsplash

5. Ако ви недостига социјалниот живот, јавете се на пријателите. Има луѓе што сакаат да се сами но за повеќето од нас осаменоста е фрустрирачка. Одржувајте врска со вашите роднини и пријатели, прашајте ги како се чувствуваат. Сеуште може да бидете заедно иако е малку повеќе предизвик сега. Напишете писмо до стар пријател или најдете се онлајн и правете нешто заедно. Може да играте друштвени игри онлајн или да планирате нешто заеднички како читање на иста книга или гледање ист филм.

6. Бидете тоа што сте и искористете го ова време да го правите тоа што го сакате. Ако сакате да пишувате повремено, напишете неколку реда благодарност, посветете време дневно да ја искажете вашата благодарност – за тоа што сте постигнале, што имате, за сите односи што сте ги изградиле во животот, за сите нови активности што произлегоа. Многу е важно да не се заборави дека сеуште имаме многу работи и области во животот за кои треба да сме благодарни.

Како што гледате, сите овие совети можат да се применат сега, како дел од нашата рутина, како составен дел од нашето добро однесување кон самите себе си и луѓето околу нас. Сето ова е подобра грижа за нас самите и другите луѓе, за наоѓање на мирот во малите работи и да се биде благодарен за тоа.

И овој период ќе помине, наскоро. Сите овие искуства и активности спроведени во овој период ќе останат со вас. Започнете со освежување, искреност и вродена љубов.

Викторија Мориц
Преведувач: Горан Галабов

Извори:
https://andrzejtucholski.pl/2020/jak-zachowac-spokoj-w-obliczu-paniki-coronavirus-covid-19/
https://humani.pl/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close