Кога доаѓа пролетта и кога Март перминува во Април доаѓа еден ден кога не можете да му верувате никому и на ништо. А ако веќе поверувате, ќе завршите исмејани. И тој ден е, се разбира, 1-ви Април (Апри-ли-ли-ли). Традицијата на измамување сега се шири насекаде но од каде е дојден овој обичај?
Корените од каде започнало Апри-ли-ли-ли на никому не се сосема јасни. Во Европа го одбележуваме овој обичај на 1-ви Април. Еден сличен ден во Шпанија, Латинска Америка и Филипини е наречен „Ден на Светата Чистота“и се прославува на 28-ми Декември.
Според многуте теории за прослава на Апри-ли-ли-ли (1-ви Април) не враќа назад во времето кога луѓето од Европа го смениле календарот од Јулијански во Грегоријански, во 16 век. И очигледно, во Франција тоа предизвикало недоразбирање. За време на прилагодувањето се отворила можност да се измамат другите луѓе дека 1-ви Април бил сеуште вистинскиот ден да се прослави Новата година иако тој ден бил поместен на 1-ви Јануари откако се сменил календарот. И ако луѓето поверувале во оваа измама, тие се соочувале со голем потсмев што го заборавиле вистинскиот ден и ја прославувале Новата година на погрешен датум.
Различни традиции
Во Франција, Белгија и Италија овој ден е познат како Априлска Риба. Традиционално, луѓето лепеле хартиени риби на грбот на другите луѓе, а тие тоа да не го забележат. Потоа им се потсмевале за глупавиот изглед со риба на грбот и извикувале: ”poisson d’Avril” што значело Априлска Риба. Исто така вообичаено било и да се залепат други работи на грбот како ливче со натпис „Клоцни ме“ и да се исмеваат поради тоа.
Во Финска смислата на овој ден повеќе е да се поттикне некој да направи нешто глупаво, не само да му се потсмева. Порано обичај беше да се измамат децата да излезат од дома кога е време за пролетно касапење или нешто слично што не би требало деца да го гледаат. Па така возрасните обично ги испраќаа децата во комшии да позајмат некаква измислена работа, кои исто така беа вклучени во измамата и само ја продолжуваа смешната потрага на децата. И така децата продолжуваа од куќа до куќа да бараат измислена работа, како стаклена секира или мракод египетска ноќ. Исто така било користено со цел да се научат децата да не се толку лековерни. И бидејќи овој обичај дојде во Финска преку Шведска, остана и истиот датум.
Во Украина 1-ви Април е државен празник и секоја година се прославува со фестивал наречен „Хуморина“ што се одржува во Одеса. Традиционално има голема парада на комедијанти, музичари, кловнови и костимирани луѓе што изведуваат претстави и уживаат во фестивалот на шегата. Сите сакаме понекогаш да правиме шеги и да се изнасмееме од душа. Во денешно време најверојатно најмногу е застапено по медиумите. Во многу земји весниците и другите медиуми измислуваат измами од голем размер и ги шират наоколу.
Легендарните мајтапчии
Една од најголемите измами беше кога серијата Панорама на Би-Би-Си прикажа видео од швајцарците како собираат шпагети. Во ова видео се прикажани фармери како собираат шпагети од дрвјата и информација дека конечно ги победиле бубачките штетници што биле закана за приносите. Луѓето започнале да се јавуваат и да прашуваат како можат да одгледуваат самите свои шпагети дрва, а каналот им одговорил дека секој може да одгледува свои шпагети дрва само со ставање на шпагети во тегла од доматен сос и да се надева на најдоброто.
Во 1962 година на шведската телевизија експертот Кјел Стентон изјавил дека поседуваат нова технологија со која може да се гледаат емисии во боја ако се навлечат хулахопки на ТВ екранот бидејќи истите ја прекршуваат светлината. И се разбира, многу луѓе беа измамени и бараа женски хулахопки по нивните домови.
Кирси Суоми
Преведувач: Горан Галабов
Извори:
https://www.history.com/topics/holidays/april-fools-day
https://www.etlehti.fi/artikkeli/vapaa-aika/10-historian-uskomattominta-aprillipilaa-lue-ja-naura
https://en.wikipedia.org/wiki/April_Fools%27_Day
Leave a Reply