Еден ден

Сите политичари, банкари, пензионери, болничари, програмери…..

ќе се сложат и ќе знаат дека се индивидуи, а не маса

Дека нивниот труд се цени, а не се експлоатира

И нивните главоболки за подобро утре ќе осамнат,

а грижите за ненахранетите деца ќе исчезнат

Сметките за вода, струја…

нема да бидат причина за караница помеѓу ниеден пар,

а мерило за добрината на човекот ќе биде трудот

И на вести ќе се прикажуваат новости за милина,

како ,,мачка спасила глушец од давење, утрово, во шахта на булеварот …”

зашто сите војни ќе се смират, а штрајковите ќе победат

И училиштата внимателно ќе ги негуваат сите деца,

кои оттаму со свои ставови ќе излегуваат,

подготвени да придонесуваат за убавината на светот

И единствена грижа на луѓето ќе биде што да му подарат на пријателот за роденден

или како да се облечат за излегување

И гладта и жедта ќе биде непозната дразба за сите луѓе,

а зборот сиромаштија нема да постои

И боите, јазиците, обичаите и верувањата само ќе го зближуваат овој свет

И овој свет ќе биде место само за деца,

а бомбите и експлозиите ќе бидат заменети со весели огномети,

со кои ќе се слави целото човештво…

Еден ден…

Дафина Веселиноска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: