Како ќе го променам општеството: Јана Олтовска

Развивање емпатија за подобар свет

Јана Олтовска е 15-годишна девојка од Скопје, која веќе седум години е активен извидник. Таа забележала дека луѓето единствено се грижат за потребите на мнозинството, занемарувајќи ги желбите на малцинството. Поради тоа, подготвува проект за помош на аутистичните луѓе, преку кој и тие би можеле да станат извидници.
Јана беше избрана за проектот “European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum” организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку Ерасмус+ „Европските млади заедно“ програмите.

Jana Oltovska photo

Какви чуства ти буди помислата за успешно финализирање на проектот?
– Имам многу чуства кога ќе помислам на тоа, но највеќе возбудено и пресреќно, бидејќи ова е проект за кој сум многу ентузијастична. Исто така, би кажала дека се чуствувам и благодарна, надежна и највеќе од се – одлучна.

Што за тебе претставува успешно завршување на проектот?
– За мене успешно завршување на проектот претставува постигнување на целта што сум си ја задала, како и имплементирање на завршениот проект.

Дали проектот може да се имплементира и надвор од границите на вашата држава?
– Да. Прирачникот е претежно состаен со слики па така може лесно да се преведе и на други јазици.

Какви ќе бидат бенефитите од публикацијата за извиднички активности наменети за аутистични млади луѓе на тебе како извидник, на твојот водач и на членовите со аутизам?
– Јас мислам дека има многу бенефити како развој на емпатија кај мене и кај другите членови, водичот ке созрее и ќе се надгради, аутистот ќе научи вештини потребни за во животот и ќе се социјализира, а целиот тим ментално ќе созрее.

Јана Олтовска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: