Како ќе го променам општеството: Марија Ристова

Ајде да ја подигнеме свеста за околината

Марија Ристова е средношколка од Кавадарци, која сака да бидат слушнати нејзиниот глас и активностите што ги презема за подигнување на свеста за чистата околина. Таа подготвува проект за грижа за природата и чистата околина во родниот град, кој треба да резултира со пошумување на дрвја.
Марија е избрана за проектот: “European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum” организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку Ерасмус+ Европските млади заедно програмата.

marija1

Зошто ја избравте токму оваа тема за вашиот проект?
– Уште кога бев мала, секогаш се грижев за околината и кога ги разгледував петте теми што ни беа дадени, јасно беше дека ’околината и одржливоста’ ми го привлече вниманието.

Кои се твоите очекувања за овој проект?
– Кога ќе го започнам проектот, сакам што повеќе луѓе да дојдат и да учествуваат во него и да превземеме акција заедно, но, кога ќе го реализирам планираното, очекувам луѓето да бидат сензибилизирани и да превземаат акции слични на оваа.

Постојат различни начини на кои можете да го подготвите вашиот проект, зошто го одбравте овој?
– Бидејќи јас планирам да го направам ова со многу луѓе. Сакам да привлечам внимание и да ја подигнам свеста кај луѓето. Колку повеќе луѓе учествуваат, толку побргу ќе бидеме забележливи.

Со сè што се случува околу нас сега, мислите ли дека ќе има некои потешкотии што би ве спречиле во реализирање на проектот?
– Се надевам не, но имајќи ја предвид актуелната ситуација со вирусот, можно е проектот да претрпи измени, бидејќи извесно е дека нема да можеме да се собереме во групи. Исто така, постои веројатност дека некои дрвја нема да растат доколку бидат насадени предвреме, така што акцијата ќе се реализира подоцна отколку што очекував.

Дали имате порака за луѓето што сакаат да ги променат нештата, но не се премногу сигурни во себе?
– Тие треба да веруваат во себе. Исто така, можат да се приклучат во организација или да учествуваат во проект што ќе им помогне да го остварат својот сон во реалност, како што и јас направив.

Марија Ристова

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: