Не барајте човек за пример, бидете еден!

Пешти, Преспа, Водно… Овие три прекрасни локации во Македонија станаа почисти и поубави откако изминатиот месец ги посетија младите ентузијасти од неформалното здружение „За почиста Македонија“. Станува збор за екипа формирана во јуни годинава како дел од проектот: “European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum” организиран од Волонтерски Центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите Ерасмус+ и „Европските млади заедно“, чиј учесник е и нашиот волонтер и активист Петар Стевановиќ.

115911579_10158616860215406_8872732249870655774_o

Нашите членови се залагаат за промени во врска со зачувување на природата и одржување на чиста околина. Целта ни е да ги одржиме планините чисти и убави какви што заслужуваат да бидат за да може сите да уживаме во нив. Од тие причини во наредниот период ќе спроведеме низа ’Еко акции’ за собирање на расфрлан отпад во националните паркови, шуми и планини во близина на Скопје“, вели Стевановиќ.

116361910_10158627447490406_727396259089100880_n

Првата таква голема акција е закажана за 30 август (недела), при што предвидено е собирање на отпад на средно Водно, врв на Водно и патеките до врвот.

Идејата е да се собере расфрланото ѓубре и да се постават знаци и табли со мотивациски пораки за одржување на чиста природа. Поради ситуацијата со ’Ковид-19 се очекува лимитирана посетеност од околу 5060 луѓе. На настанот ќе се почитуваат и применуваат сите мерки за заштита од вирусот“, нагласува Стевановиќ.

Младите активисти апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно додека уживаат во природата. Нивното мото е: Не барајте човек за пример, бидете еден!

Горан Адамовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: