Младите кавадарчани ја менуваат околината

Сакаа да докажат и да покажат оти и тие – младите кавадарчани имаат моќ да ја променат околината кон подобро. И успеаја. Барем за почеток. И не планираат да сопрат тука.

Десетици ентузијасти и вљубеници во природата, предводени од нашата Марија Ристова решија да го разубават Тиквешкото езеро. Во неделата почнаа со чистење, а планираат да завршат со пошумување на бисерот на Тиквешието.

„Собравме дваесетина вреќи ѓубре, најмногу пластични шишиња и лимени конзерви. Ова е само почеток на еко-акциите на KavInAction “, вели Ристова.

Околу три часа траеше неделната акција, која е дел од проектот: “European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum” организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите Ерасмус+ Европските млади заедно.

Важноста на вредната акција за разубавување на најголемото вештачко езеро во Македонија ја препознаа и „Изворска“, „Синалко и „Мин-екс маркетите“, во организацијата на настанот помогна и „Екоживот“ од Кавадарци, а волонтерите имаа поддршка и од локалното комунално претпријатие.

„Среќни и задоволни го напуштивме Тиквешкото езеро, планирајќи ги следните активности кои ќе завршат со посадување дрвца. Секако, ниту тоа нема да биде доволно доколку сите заедно не работиме повеќе на зголемување на свеста со цел зачучување на природните убавини“, подвлекува Ристова. (Г.А.)  

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: