ВОДАТА Е ТУЃА

Нешто со кое се соочувате секојдневно при миење, пиење и готвење. Шеесет проценти од телото ви е составено од тоа. Можете да пливате во неа и да одите над неа. Во воздухот испарува, а на земјата се враќа како течност. Замислете се за момент – водата е навистина чудна.

Ја има насекаде – и во вас и во секое друго живо суштество, секоја молекула на вода постоела милијарди години. Направила неверојатно патување низ историјата на Земјата уште пред да дојде до вас, со кружење од копно до воздух, од животни до растенија, од океани до реки – водата што е во вас била и во диносауруси. Од каде потекува?

Океаните на нашата планета биле формирани пред стотици милиони години откако се формирала Земјата, пред тоа немало ниту една капка вода. Патувала до тука од работ на нашиот соларен систем, на астероиди и комети. Секоја капка на нашата планета е туѓа која пристигнала пред околу 4 милијарди години.

Покрај патувањата низ вселената и завршувањето тука, веројатно е најчудната молекула во универзумот. Дали сте знаеле дека топлата вода замрзнува побрзо од ладната? Никој не знае зошто. И не треба да се формира како течност на нашата планета? Водородот и кислородот – два многу лесни атоми – го формираат молекулот на водата. Правилата на хемијата велат дека водата треба да биде гас на температурите и притисоците кои се на површината на Земјата. Замрзнува и мразот – лебди на вода, колку е чудно тоа?

Не сме само ние сведоци на нејзината чудност. Тоа е втора најчеста молекула во универзумот. „H2O“ се појавува на скоро секој предмет во нашиот сончев систем, на Месечината, на Марс, Плутон… Научниците се борат да го разберат тоа, бидејќи крши толку многу правила на хемија. Материјал толку безличен – толку без вкус, толку безбоен… Ии нашиот свет не би постоел без него.


Селина Ниеми
Преведувач: Емилија Темелковска

Source: YouTube | Why water is really, really weird – BBC ideas

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: