Добредојде Бланка, нашиот нов ВЕТ студент од Шпанија

Здраво! Јас сум Бланка од Шпанија (Барселона), моментално престојувам во Македонија, живеам прекрасен живот, ги уживам сите придобивки што оваа земја може да ги понуди и откривам нова култура и нов начин на живот за првпат, учам да живеам со себе си и со моите Еразмус пријатели што ги запознав кога дојдов овде.

Се чувствувам многу среќна и привилегирана со оваа можност, да доживеам сѐ што ќе посакам, на рана возраст, сега, да го запознаам светот преку нови култури, луѓе, јазици, да ги подобрам моите вештини на различни полиња, и многу други работи што го сочинуваат ѓивотното искуство, да бидам покомплетна личност.

По ова искуство се надевам дека ќе продолжам да патувам и да го откривам светот во кој живееме заедно со откривање на нови делови од себе си, како да се справам со нови ситуации кои доаѓаат.

Сакам да ги охрабрам сите да се вклучат во некој проект како овој. Мислам дека е важно да се здобиеме и споделиме искуства, различни погледи, од различни земји и да запознаеме култури со кои не сме се сретнале претходно, да еволуираме како човечки суштества. Чувствувам дека секој треба да научи да живее самостојно за да го сфати најдоброто од животот и луѓето кои ги среќаваме, да бидеме комплетни личности, да се поврземе со светот и природата во кои живеме, да научиме да почитуваме.

Сакам да верувам дека мојата приказна ќе инспирира некого да вистински пронајде пат што ќе го следи во животот, да биде способен да донесува сопствени одлуки, со сето знаење за светот околу нас. Бидете мудри и барајте го знаењето, зошто тоа е моќ, слобода, еволуција…

Бланка Дел Арко Сикереља

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: