За да ја спасиме планетава ни треба чудо или наука?

За да ја спасиме планетава ни треба чудо или наука?

Љубов или омраза?

Рециклирање на домот или на душата?

Празни саркастични коментари или утешни зборови?

Бес или надеж?

Суд или прифаќање?

Празни воздишки од револт или прегратки кои затоплуваат?

Форсирани книги или желба за промена?

Свеж планински воздух или бучни градови со празни улици?

Војна и мир ни треба

Ни треба совест пред корист

Ни треба дечињата да се радуваат, додека возрасните ги милуваат

Ни треба сите да се помириме со фактот дека сме совршено несовршени

Ни треба да им ја отвориме душата на симпатијата и емпатијата

Ни треба да престанеме да споредуваме баби и жаби

Индивидуалноста нека преовладува!

Ни треба да престанеме туку да се туфкаме и да ги отвориме двете очи за да сфатиме колку е прекрасно воопшто да се биде жив!                                    

Дафина Веселиноска     

Related posts

%d bloggers like this: