Парите не ги усреќуваат сиромашните

„Парите не ги усреќуваат сиромашните“ – Колиш

Роден сум во една од најбогатите земји на светот. Имам сè што би можел да посакам: топла вода, покрив над главата што не прокиснува, семејство што пружа љубов, образование, технологија, пристојна живеачка, пристап до сите удопства што ги нуди модерното време. Преку ноќ се најдов себеси во многу поразлична земја од онаа што ја знаев долго време. Некои би ја опишале како помалку развиена, други како потопла, но можеби станува збор за различно перцепирање на нештата?

Пристигнав во Македонија пред четири дена. Можев најпрво да ги забележам излитените патишта, трошните згради, кучињата-скитници. Но, наместо тоа, забележав нешто посилно, поживо, повистинско. Детските извици на радост одекнуваа на балконот од мојот стан; костените што паѓаа на ламаринениот покрив создаваа милозвучна симфонија; вревата од гласови помешана со чадот од скарата најавуваа вечери полни со насмевки. Тие беа исто толку среќни колку што би биле среќни и жителите на држава што економистите ја нарекуваат „богата“. Се запрашав дали сето ова можеше да се спореди со куќичката од ѓумбиров колач во бајката на браќата Грим: вкусна однадвор, но страшна одвнатре; или пак, како зградите – трошни и распаднати.

Истражувачите поставија прашање чиј одговор се чини очигледен: што претпочитате повеќе за да бидете посреќни? Да заработите 314 милиони долари или да се здобиете со параплегија? Без разлика на тоа што луѓето би можеле да претпостават, една година по добивање џекпот или здобивање параплегија, податоците покажуваат дека нивото на среќа е исто кај двете групи. Терминот хедонска адаптација се однесува на проучувањето на тенденцијата кај луѓето брзо да се вратат на релативно стабилно ниво на среќа и покрај значајните позитивни или негативни настани, или пак, важни промени во нивните животи.

Според ова тврдење, кога личноста заработува повеќе, истовремено растат очекувањата и желбите, па тоа и не води кон некоја трајна придобивка во поглед на среќата. Личноста брзо се враќа на првобитното ниво на среќа, смета дека е на пат да ја достигне среќата, но всушност чекори по патот како по лента за трчање.

Доколку некаков настан, позитивен или негативен, се случил пред повеќе од три месеци, тогаш нема да влијае врз индексот на среќата. Зошто да не? Затоа што среќата може да биде создадена. Постојат два вида на среќа:
– природна среќа: она што го добивате кога го добивате тоа што го сакате
– произведена среќа: она што го правите кога не го добивате тоа што го сакате

Нашето општество силно верува дека произведената среќа (онаа на параплегичарите) е помалку вредна во однос на природната среќа (онаа на луѓето што ја постигнале целта да добијат џекпот), што е лажно верување. Со други зборови, човечкото битие умее да ја создаде среќата што ќе биде исто толку веродостојна и долготрајна како и онаа што ќе ја почувствуваме кога го добиваме тоа што го сакаме.

Има премногу работи што може да се кажат за среќата од психолошки или филозофски аспект, премногу студиозни што припаѓаат на светот на возрасните. Би сакал да се осврнам на малите радости кои, се надевам, ни ги исполнуваа детствата, кога владееше безгрижноста и секое откритие водеше кон изблици на радост затоа што детството би требало да биде непрекината потрага по среќата… Направив долга листа што, секако, можете да ја надополните:
-првиот снег што ги обелува дрвјата, покривите и алиштата;
-трчање на дожд и цапање во вирот вода со чизмите за дожд;
-шарените рингишпили со весела музика во парковите;
-стуткувајќи се под ќебе со шолја топло чоколадо во рака кога врне;
-прошетките со баба и дедо покрај реката во Лизињи-сир-Уш;
-донирање новогодишни пакети во болница;
-неделните попладниња кај баба и дедо…

Цутењето на розевите, сините, белите и жолтите цветови е проследено со песната на птиците. Децата си играат, се сопкаат и растат додека сончевите зраци ги галат. Чадот од мојата цигара е одвеан во непристапен рај, и јас се задржувам таму, воодушевувајќи се на овој преубав пејзаж. Денес е еден од оние денови кога сè се чини убаво. И возрасните понекогаш чувствуваат потреба да се навратат во детството.

Пол Јанишевски
Превод: Кристина Стаменова

Извори:

https://en.wikipedia.org/wiki/Hedonic_treadmill

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: